Неколку студии кои ни нудат фасцинантни заклучоци за човековата сексуалност

Кристофер Рајан, коавторот на книгата „Sex at Dawn“ во својот говор на TED навлегува подлабоко во стандардната нарација на еволуцијата на човековата сексуалност – мажите им овозможуваат на жените добра и услуги во замена за нивната сексуална верност. Според овој модел, Рајан истакнува дека војната помеѓу половите е вградена во нашата ДНК.

Неколку студии кои ни нудат фасцинантни заклучоци за човековата сексуалност

Според нивното истражување, Рајан и Џета откриле неколку фасцинантни заклучоци за човековата сексуалност. Рајан објаснува дека нашите сексуални шеми се произлезени од земјоделските модели кои сочинуваат само 5% од човековата историја. За останатите 95% човековата сексуалност успеала да најде начин како да ги овозможи и одржи комплексните социјални системи и мрежи кои нашите предци многу добро ги познавале.

„Мојата надеж е дека поточното ажурирано разбирање на човековата сексуалност ќе може да ни помогне во постигнувањето на поголема толеранција кон нас самите, кон другите околу нас како и поголема почит кон неконвенционалните врски како бракот со ист пол или полигамијата и дека со тоа ќе можеме да ја тргнеме настрана идејата дека мажите имаат некое внатрешно инстинктивно право да го надгледуваат и контролираат сексуалното однесување на жените. И дека конечно ќе сфатиме дека не само оние кои се хомосексуалци треба ‘да излезат од плакарот’. Сите ние имаме наши плакари од кои треба да излеземе,“ вели Рајан.

1. Дали бисексуалноста е сексуална ориентација, нешто коешто е моментално или е дел од сексуалната флуидност на која сите ние сме изложени?

Истражување: Во една студија од 2008 година, Лиса М. Дајмонд од Универзитетот во Јута ги презентирала резултатите од истражување кое траело една декада и во кое биле проценувани жени кои се идентификувале како лезбејки, бисексуалки и сексуално неопределени. 5 пати во текот на студијата, овие жени детално го објаснувале својот сексуален идентитет, привлечноста, однесувањето и нивните социјални и фамилијарни врски.

Резултати: Според откритијата, бисексуалноста не е транзитивна фаза во која жените ја присвојуваат својата хомосексуална идентификација или пак, експериментална фаза на хетеросексуалците. Нејзините резултати покажале дека бисексуалноста најдобро може да биде објаснета како стабилна шема на привлечност од страна на двата пола која има специфичен баланс, но може да варира според интерперсоналните и ситуациските фактори.

2. Што доаѓа прво – сексуалната желба или возбудата?

Истражување: Во студија која била спроведена во 2004 година и објаснета во статија во списанието Њујорк Тајмс, Стефани Бот и Марк Спиерг од Универзитетот во Амстердам ги истражувале физичките реакции на сексуални фотографии кои им биле покажувани на испитаниците.

Резултати: Истражувањето укажува на тоа дека ние реагираме физички на визуелно стимулирачки извори уште пред нашиот мозок да се вклучи. Со други зборови, сексуалната желба не ѝ претходи на возбудата, туку се случува токму обратното. И честопати ние не сме ни свесни кога ова ни се случува.

3. Дали мажите и жените реагираат различно на сексуални фотографии?

Истражување: Истата статија од Њујорк Тајмс објаснува и за една студија спроведена од Универзитетот Емори каде што било следено движењето на очите и активноста на мозокот кај група испитаници кои гледале сексуално експлицитни фотографии.

Резултати: Мажите и жените немаат исти реакции, но сепак нивните реакции не се баш онакви какви што би очекувале. Мажите гледале во лицата на фотографиите многу повеќе од жените и сите многу побрзо „прелетувале“ преку оние фотографии кои покажувале само гениталии. Активноста на мозокот била зависна од полот.

4. Дали географијата влијае врз формите на телата кои ги идеализираме и кои нѐ привлекуваат?

Истражување: Постојат многу истражувања кои се однесуваат на ефектите од културата и медиумите за физичките стандарди кои ги поставуваме. Но, со проектот „International Body“ се спровела анкета на 7.434 луѓе ширум светот со цел да се истражи дали постојат разлики во факторите кои ги мотивираат нашите идеали за совршената форма на тело.

Резултати: Истражувачите откриле дека во местата каде што има низок социоекономски статус имало тенденција да се вреднуваат жените со повисока телесна тежина, додека пак во местата со повисок социоекономски статус имало тенденција кон жените со пониска телесна тежина. И секако, ефектите на медиумите никогаш не треба да се потценуваат. Резултатите исто така покажале дека незадоволството со телото и желбата за пониска телесна тежина е многу почеста во областите каде што медиумите се поразвиени.

5. Дали мажите и жените имаат различни сексуални нагони?

Истражување: Неодамнешна студија објавена во списанието Њујорк Тајмс, објаснува за „мета-анализата“ на повеќе од 800 студии за нашите сексуални навики кои биле спроведувани во период од околу 15 години.

Резултати: Истражувачите од Универзитетот во Висконсин откриле дека доказите за вродената нееднаквост во сексуалната мотивација се дискутабилни. Студијата сугерира дека многу статистичко-еволутивни психолози докажале дека вродените нееднаквости, како бројот на сексуалните партнери или степенот на мастурбирање, најчесто се под влијание на културата. Сите научници знаат дека постои нееднаквост во сексуалните желби, особено кога една врска трае одредено време. Кај жените сексуалните желби навистина се намалуваат, но најчесто како резултати на моногамијата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар