Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

Без разлика дали станува збор за шепотење дури се пие кафе или разговор на телефон доцна во ноќта, озборувањето го подигнува духот кај жените кои во тој момент се чувствуваат дека се под стрес или доколку едноставно имаат лош ден од која било причина. Иако сите ја сметаат за многу негативна особина, сепак озборувањето се практикува од сите жени, насекаде низ светот. Ова се неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат.

Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

Преку озборувањето жената се чувствува како да се вклопува со другите

Исто како споделувањето тајна со некого, озборувањето прави да се чувствувате сигурни во другарството и во таа личност. Тоа значи дека преку озборувањето се поврзувате со другите.

Понекогаш ви помага да најдете нови пријатели

Преку озборувањето и споделувањето „црни“ тајни, започнувате разговор со повеќе лица, меѓу кои и со некои кои не ви се толку блиски. Тука повторно довербата која другите ја чувствуваат поради споделената информација, создава атмосфера за ново пријателство.

Озборувањето ослободува од стрес

Поради некоја чудна причина, кога ќе чуете лоши вести за некој друг, по автоматизам се чувствувате подобро за себе. Едноставно, чувството дека нашиот живот е подобар од оној на другите, нè прави инстантно среќни.

Озборувањето помага да се испроцесира личното искуството

Жените имаат потреба да ги споделат нивните искуства со некој друг, од проста причина што така им е полесно да сфатат што точно им се случило.

Преку озборувањето се добива потврда за личните чувства

Преку озборувањето обично жените очекуваат потврда на она што го мислат. Кога се чувствувате вознемирени, одговорот на прашањето „Како таа можела да ми го направи тоа…?“, секогаш ќе наиде на поддршка и разбирање од другата страна.

Озборувањето помага во справувањето со секојдневните работи

Тоа е многу примитивна техника, која помага да пребродите било што. Без разлика дали некој ве вознемирил или сте љубоморни за нешто, преку озборувањето ќе ви помине, макар и моментално.

Озборувањето е одличен начин за истакнување на работа

Доколку го употребите паметно, можете да го искористите озборувањето за себепромоција помеѓу колегите и да го подобрите вашиот статус во фирмата.

Озборувањето помага за анализирање на проблемите со другите луѓе

Повеќето жени сакаат да ги анализираат дури и најмалите проблеми во животот, па токму затоа озборувањето е одличен метод за добивање целосна слика за случувањата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Smileforever Reply

    Zoso pisuvate naslov “nekolku pricini zosto ZENITE ozboruvaaat”
    Mazite ozboruvaat i toa poveke 😉

    • Кафе пауза Reply

      Па сега за сега, познати се причините за женските зошто сакаат да озборуваат: им помага да најдат другарки, да се чувствуваат дека припаѓаат, ги ослободува од стрес… За мажите уште не е откриена мистеријата кога почнале да озборуваат и зошто :))

Напиши одговор на Smileforever Откажи одговор