Неколку факти за месечината

Автор: Марија Митева

Појавувањето на месечината постојано се менува и влијае врз нас повеќе отколку што можете да замислите. Ова се неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за нашиот природен сателит.

1. Навечер нè држи будни

Науката е далеку од убедлива по ова прашање, но во некои истражувања се тврди дека на полна месечина е потешко да заспиеме и додека трае ни го крати времето за спиење за околу 20 минути.

1-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

2. Никогаш не е кон нас свртена со задната страна

Секогаш ја гледаме истата страна на месечината, бидејќи се врти околу својата оска со иста брзина со којашто се движи околу земјата (познато како синхронизирана ротација). Од овде потекнува верувањето дека постои „темна страна“ на месечната.

2-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

3. Месечината е причина за постоењето на месеците

Потребно е отприлика еден месец за месечината да ја обиколи земјата. Лунарното движење се комплетира за отприлика 27 дена, но потребни му се уште два дена или вкупно 29,5 дена за да премине на следната фаза. Бидејќи ни е тешко да пресметуваме со половина ден, затоа заокружуваме на 30.

3-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

4. Има големи амплитуди во температурата

На месечината е многу потопло и многу поладно одошто на Земјата. Температурата се движи од +127 степени Целзиусови до -138 степени Целзиусови. Бидејќи на месечината нема воздух температурните разлики се екстремни.

5-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

5. На месечината ќе тежите помалку

Доколку вашата тежина изнесува 90 кг на земјата, на месечината би имале 15 кг и би можеле да рипнете многу повисоко отколку на земјата.

6-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

6. Месечината ви го подобрува ударот

Астронаутот Алан Шепард го удрил голф топчето со 63 метри во секунда додека бил на месечината. Неговата позната реченица после удирање на топчето била: Милји, милји и милји.

7-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

7. Секоја полна месечина во текот на годината има свое име

Јануари е волк или стара месечина, февруари е снег на гладна месечина, март е чавка, кора или црвлива месечина итн.

8-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

8. Луѓето веќе почнаа да ја загадуваат месечината

Следниве работи се оставени од луѓето на месечината: камера, отпад, комеморативни плочи, американско знаме и огледалца коишто НАСА ги користи за мерење на далечината меѓу земјата и месечината.

9-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

9. Месечината во еден момент била на работ на разнесување

За време на студената војна Соединетите Американски Држави, биле со намера таму да чуваат нуклеарно оружје за да демонстрираат сила над Русите.

10-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

10. Сенката на месечината е потемна

Првите астронаути кои биле на месечината откриле дека недостатокот на атмосфера ги прави сенките многу потемни. Сè што не било директно изложено на сонце имало сенка со голем интензитет. Доколку би ја спуштиле раката врз сенката би имале чувство како да ви исчезнала. Од овие причини одржувањето било многу отежнато, бидејќи алатот се губел во сенките.

11-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

11. Месечината е причина за плимата и осеката

Месечината е повеќе е привлечена од онаа страна на земјата кон која што е поблиску, а помалку од спротивната страна. Па, затоа таа ја предизвикува плимата и осеката на океаните.

12-nekolku-fakti-za-mesechinata-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Ha, od koga “worm moon” znaci “topla mesechina”?

  2. Anonymous Reply

    Ste popravile, bravo.

Остави коментар