Неколку цитати што ќе ги разберат само оние кои имаат изгубено некого

Оние коишто во својот живот имаат изгубено некој што го сакаат, знаат дека интензитетот на болката е неопислив за разлика од што било друго што доживеале порано. Понекогаш загубата е неизбежна, но знаејќи го ова не е доволно за да се чувствуваме полесно. Секој, во зависност од карактерот на личноста, животното искуство или пак вербата, различно се справува со тагата. Како и да е, после загубата, секому му е потребно време за да се приспособи и да се опорави.

3-nekolku-citati-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-imaat-izgubeno-nekogo-kafepauza.mk

Во продолжение следуваат неколку цитати во коишто барем малку ќе се пронајде секој којшто се соочил со предизвикот на загубата.

„Кога некој што го сакаш станува спомен, споменот станува богатство.“ – Непознат автор

„Ќе загубиш некој без кого не можеш да живееш и твоето срце ќе биде многу скршено. Лошата вест е дека никогаш нема целосно да ја преболиш загубата на саканата личност. Но, ова истовремено е и добра вест. Така, таа ќе живее засекогаш во твоето скршено срце, кое никогаш нема сосема да се залепи. Но, ти ќе се справиш со тоа. Тоа е како да имаш скршена нога којашто никогаш не може целосно да заздрави – сѐ уште боли кога времето заладува, но ти учиш да танцуваш кривејќи.“ – Ен Ламот

„Тагата не може да се сподели. Секој ја носи сам. Негов товар, на негов начин.“ – Ен Мороу Линдберг

„Тагата е како река, сакам да кажам дека таа постојано се менува. Чудно е да го кажам ова, бидејќи сум оптимист во душа, но јас би рекла дека на некој начин таа се влошува. Колку повеќе време поминува, толку повеќе ти недостига тој некој.“ – Мишел Вилијамс

2-nekolku-citati-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-imaat-izgubeno-nekogo-kafepauza.mk

„Кога тагата е најдлабока, зборовите се најмалку.“ – Ен Воскамп

„Постојат работи коишто не сакаме да се случат, но мораме да ги прифатиме, работи коишто не сакаме да ги знаеме, но мораме да ги научиме и луѓе без коишто не можеме да живееме, но од кои мораме да се простиме.“ – Непознат автор

„Без разлика низ колку страдања си поминал, никогаш не сакаш да се откажеш од тие спомени.“ – Харуки Мураками

„Да мислам на тебе е лесно, го правам тоа секој ден. Но, недостигањето е болка којашто никогаш не поминува.“ – Непознат автор

1-nekolku-citati-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-imaat-izgubeno-nekogo-kafepauza.mk

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар