Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри - Part 2

Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри

7. Отстранет екстремитет

Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри

Еден човек отишол во болницата и кажал дека ја изгубил раката во несреќа додека работел на својата фарма. Медицинските сестри не му поверувале бидејќи бил премногу смирен и не чувствувал болка. Кога го тргнале ќебето со кое си ја покрил раката, со него излегла и таа. Тој само рекол: „Нели ви реков.“

8. Ограда

Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри

Еден болничар добил повик за пациент кој имал лоша сообраќајна несреќа и се судрил со ограда. Она што не го знаел е дека со пациентот ја донеле и оградата. Еден столб од 12 центиметри поминал директно низ десната страна од ребрата на пациентот. За среќа, преживеал.

9. Дијабетес

Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри

Дијабетичарите треба да бидат навистина внимателни за да не го покачат нивото на шеќер во крвта. Една пациентка која била премногу дебела и со дијабетес постојано имала високо ниво на шеќер и покрај диетата и инсулинот што ѝ го давале во болницата. Еднаш кога ѝ помагале да се пресоблече, почнале да паѓаат парчиња пржен ориз и пилешко. Излегло дека син ѝ ѝ носел храна, а таа ја криела во нејзините свитоци кожа.

10. Диви кучиња

Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри

Еден болничар изјавил дека највознемирувачкото нешто што го имал видено е жена растргната од кучиња. Наводно, жената и нејзиното мало куче шетале надвор кога нејзиниот миленик бил нападнат од група диви кучиња. Таа се обидела да го спаси, но кучињата ја нападнале неа и ја растргнале. Болничарите иако ја донеле во болницата, таа била прогласена за мртва уште веднаш.

11. Деменција

Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри

Една медицинска сестра работела во одделението за деменција. На првиот работен ден ѝ помагала на стара жена со деменција. Жената покажала надвор кон прозорецот и рекла: „Ги гледаш оние деца онаму? Зарем не се убави?“ Надвор немало деца, но сестрата не ѝ го рекла тоа. Набрзо потоа жената рекла: „Не сакав да ги запалам. Не сакав да ги убијам моите деца.“

12. Усни

Некои од највознемирувачките приказни од ургентните центри

Една жена редовно ја третирале бидејќи се обидувала да ја одгризе својата усна. Една вечер ѝ го переле желудникот бидејќи испила антифриз со ткивото од нејзините усни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар