Не трудете се да сфатите: Овие нешта ќе ги разберат само русокосите

Не трудете се да сфатите: Овие нешта ќе ги разберат само русокосите

Кај нас, како и кај остатокот од светот, владее мислење дека русокосите се понежни и посуптилни за разлика од бринетите, но и дека се наивни и глупави. Колку пати сте ја чуле изреката „глупа плавуша“ или сте се насмеале на своја сметка коментирајќи „не замерувајте ми што не ја сфаќам шегата, што да правам кога сум русокоса“?

Зошто русокосите се третираат како секс бомби без мозок? Никој не го знае точниот одговор, но многумина го поврзуваат тоа со прочуениот основач на „Плејбој“, Хју Хефнер кој отсекогаш бил опкружен со неверојатно згодни и секси русокоси, без никакво престижно занимање. Главно тоа се неуспешни модели и хостеси кои се пробиле во светот на шоу-бизнисот благодарение на своето убаво лице и атрактивно тело, на кои интелигенцијата не им била јака страна.

1-ne-trudete-se-da-sfatite-ovie-neshta-kje-gi-razberat-samo-plavushite-www.kafepauza.mk_

Па така, ако сте русокоса, сигурно првата асоцијација на луѓето за вас им е дека вашето ниво на интелигенција е многу ниско. Иако ќе се сложите дека паметот, интелигенцијата и образованието немаат никаква врска со бојата на косата, русокосите и ден-денес ги следи епитетот убави, но глупави жени.

Уште еден епитет што ги следи русокосите е дека тие се со плиток, ограничен ум и дека се многу наивни. Во разни филмови и серии сме имале прилика да забележиме дека тие се исмејувани како жени кои ништо не разбираат, кои се прости, смотани и урнебесно смешни. Ако некоја згодна девојка каже нешто сосема неповрзано и глупаво, веднаш многумина би рекле: „Најверојатно е русокоса“. Без разлика која е причината што девојките со руса коса се сметаат за помалку интелигентни суштества, сигурно сте доживеале многумина да се шегуваат на ваша сметка само затоа што вашата коса не е кафеава или црна. Неправедно, зар не?

2-ne-trudete-se-da-sfatite-ovie-neshta-kje-gi-razberat-samo-plavushite-www.kafepauza.mk_

Никој не ги сфаќа русокосите сериозно. Кога на непознати луѓе, некоја русокоса би им кажала дека ќе оди дома за да чита книга, сигурно би ѝ се смееле на глас, бидејќи никој не очекува блондинките да се интересираат за нешто друго освен за нов пар чевли, шминки и фризури кои се во тренд. Тоа е еден од доказите дека генерално луѓето се со плиток ум, бидејќи не се свесни за фактот дека едни од најмоќните жени, како Хилари Клинтон, се русокоси, но и изразито влијателни, успешни и интелигентни. Русокосите мора да докажат дека не се само руси, туку и паметни.

3-ne-trudete-se-da-sfatite-ovie-neshta-kje-gi-razberat-samo-plavushite-www.kafepauza.mk_

Ако сте русокоса, ќе се согласите дека испуканите и суви краеви на косата се една од заедничките работи на сите жени кои ја имаат бојадисано својата коса руса. Редовното пострижување и одржување на краевите е неопходно, особено ако се трудите да бидете прекрасна русокоса. Сигурно барем еднаш сте поминале низ процесот на осветлување на вашата коса кога за малку ќе сте останеле без влакна на главата. Па така, да бидете русокоса не е едноставна одлука, а освен расцветените краеви треба да трпите и секојдневно да докажувате дека не сте прости, плитки и дека бојата на вашата коса нема никаква врска со вашата интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар