Не постои успех преку ноќ: Поучна приказна за јаворот и тревките

Не постои успех преку ноќ: Поучна приказна за јаворот и тревките

Битката се одвива во дворот. Секоја година бавниот јапонски јавор мора да се натпреварува со тревките кои се појавуваат од никаде. Иако е стар 5 години, јаворот е висок само 60 сантиметри. Тој мора да гледа како агресивните тревки се обидуваат да ја стигнат неговата височина, заканувајќи се да го нападнат.

ne-postoi-uspeh-preku-nokj-prikazna-za-javorot-i-trevkata-kafepauza.mk

Мојата сопруга ме тера да ги отстранувам натрапниците, но никогаш не го правам тоа со изговор дека сум алергичен. Па, тревките кампуваат во дворот, но не ми сметаат бидејќи знам дека на крајот на сезоната тие ќе умрат, а мојот јавор ќе биде повисок за неколку сантиметри. Неговите корења ќе бидат подлабоки, а неговото стебло посилно и подебело.

Години од денес јаворот ќе биде над опасните тревки. Ќе им го блокира сонцето и ќе ги уништи своите непријатели.

За успех потребно е време

Јаворот во приказната го претставува овој успех. Тој не се појавува од никаде. Во првите 2 години, дрвото се обидува да направи здрав корен. Потоа расте милиметар по милиметар, но сепак расте. Со поминувањето на секоја зима, тоа станува посилно. Јаворот се подготвува за долгата иднина која го чека, а не само за две сезони сонце.

Како и јаворот, така и вие треба да го градите вашиот успех на цврста основа. Потребно е време за оваа сила. Треба да ги научите и да ги совладате основите. Ќе ви биде потребно многу време, и сигурно ќе се прашувате зошто не можете веднаш да почнете со интересните работи. Најчесто во животот интересните работи се основни движења во комплексни комбинации. Ако не ја совладате основата, никогаш нема да стигнете до интересното.

Дајте си време да ја изградите основата. Сè друго ќе зависи од неа.

Не постои успех преку ноќ

Тревките растат многу брзо, но зад тој раст се крие слаб корен кој може да биде отстранет многу лесно.

Постојат многу луѓе кои продаваат успех. Можеби и ви имаат понудено нешто како „Инвестирајте во оваа компанија и ќе добиете 1.000% назад за 2 години.“ Овие понуди звучат примамливо и некои луѓе ги прифаќаат, но овој успех многу често е со краток век.

Тревките доаѓаат и си одат секоја година. Тие блескаат во еден момент, а потоа исчезнуваат. Подобро одвојте време да направите империја наместо нешто што веднаш ќе исчезне. Дајте си време да ја изградите својата основа и живејте долго и удобно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар