Не постои превисока цена за слава - 5 најбизарни концерти

Не постои превисока цена за слава – 5 луди сценски настапи

Познато е дека славните би направиле сè само за да ги добијат своите 5 минути и да бидат наредната сензација за која зборува цел свет. Тоа подразбира и неверојатно бизарни работи кои секако добиваат уште поголем публицитет кога се изведени пред масовна публика, а публицитетот, добар или лош е секогаш добредојден. Познатите музички ѕвезди не пропуштаат да ги искористат своите концерти со огромна посетеност за да ја „изразат својата креативност“ и да ги воодушеват своите фанови. Или во случај да не сте толку голем фан, да ве извадат од памет. Следат најбизарните сензации кои познати музички ѕвезди ги имаат изведено на своите концерти.

1. Lady Gaga – раѓање од јајце

Позната е по провокативната и чудна облека, драматичните настапи и хипнотизирачките видеа, но на отворањето на музичките награди Греми во 2011, Лејди Гага ги шокира буквално сите. За потребите на изведбата на песната „Born this way“ таа буквално „се роди“ од јајце. Но, целата драма всушност не беше поврзана со самиот настан и излегувањето на сцена туку со фактот дека Лејди Гага поминала цели 72 часа во јајцето. Како што самата изјавила, сакала да се чувствува дека навистина е родена на сцената.Не постои превиска цена за слава - 5 луди сценски настапи

2. U2 – џиновска вонземјанска канџа

За најголемата и најуспешна тура во музичката историја наречена 360º, која траеше цели две години и заработи неверојатни 736.421.586 долари, бендот користеше џиновска конструкција позната како „The claw“. Станува збор за масивна конструкција со четири столба која ја опфаќа сцената и целокупната опрема – аудио, визуелна и опремата за осветлување. На тој начин феноменалниот бенд им овозможи одличен поглед на сите посетители без разлика на местото на кое стојат и со самото тоа, тура и концерти за паметење.Не постои превиска цена за слава - 5 луди сценски настапи

3. The Cumshots – секс на сцена

Самиот бенд е познат по насилните и вулгарни сценски настапи, всушност членовите на бендот често по концертите остануваат со скршеници и разни повреди. Најбизарниот настап на овој бенд бил на фестивалот Кварт во Норвешка во 2004 година при промовирање на порака за еколошка свест. Најинтересниот дел е што вниманието не го привлекле членовите на бендот туку бесрамен пар кој бил дел од еколошка порнографска организација (да, и тоа постои) наречена „ F*ck For Forest“ и само за доброто на шумите се решиле да имаат секс на сцена пред бројна публика. Не сме баш сигурни како чинот би помогнал во спасување на едно дрво, но добро, дефинитивно останале запаметени.Не постои превиска цена за слава - 5 луди сценски настапи

4. Ozzy Ozbourne – жртвување на лилјак

Членовите на ПЕТА сигурно не биле воодушевени од концертите на Black Sabbath, како и дел од посетителите кои не претпоставувале дека нивниот омилен бенд ќе фрла кон публиката свински црева и црн дроб од теле. Но, имало и такви на кои веројатно им се допаднале ваквите настапи коишто се повторувале на секој концерт од турата „Night of the living dead“ па почнале да си носат свои животни, обично мртви, кои ги фрлале на сцената. На еден од концертите бил фрлен лилјак кој шокиран од осветлувањето буквално се замрзнал, па Ози мислејќи дека е гумена играчка му ја одгризал главата. Секако, морал да биде хоспитализиран после тоа.Не постои превиска цена за слава - 5 луди сценски настапи

5. Hanatarashi – булдожер шоу

Сигурно ви се случило вашите родители да влезат во соба врескајќи „Каква е оваа врева?!“ мислејќи на музиката од вашиот омилен бенд и веројатно во поголем дел од случаите едноставно не ја разбирале :). Но, кога станува збор за бендот Hanatarashi зборот врева е сосема соодветен. Користеле разни машини и алатки со цел да создадат бучава кои некои ја сметале за вистинска уметност. Бендот имал зачудувачки број на фанови, кои едвај го чекале нивното наредно шоу иако сите тие морале да потпишат дека во случај на повреда бендот не е одговорен. Најпопуларниот настап бил кога фронтменот на бендот влегол на сцената со булдожер и тоа преку ѕид.Не постои превиска цена за слава - 5 луди сценски настапи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. PhilpMonster Reply

    Lady Gaga n.1 🙂

Напиши одговор на PhilpMonster Откажи одговор