Не пиете, а сакате да знаете како изгледа да сте пијани?

Еден научник и еден дизајнер ги здружиле силите да создадат спреј за уста кој моментално опива, но само на неколку секунди. Најдобро од сè е тоа што личноста што ќе го консумира, наредниот ден нема да има никакви последици од пијанството.Не пиете, а сакате да знаете како изгледа да сте пијани?Научникот Дејвид Едвардс и дизајнерот Филипе Старк го претставија „WAIHH Quantum Sensation Spray“, за да им покажат на лицата кои не консумираат алкохол, како тој влијае кога ќе се внесе во големи количини. Со едно притискање, спрејот испушта соединение кое е еднакво на 0,075 милиграми алкохол, но иако изгледа како мала количина, делува како шок и лицето на неколку секунди се чувствува многу пијано.

Овој спреј наводно е потполно безбеден, а на алкотест ќе поминете без проблем, бидејќи дејството брзо поминува. Иако овој спреј делува како уште еден од низата непотребни изуми, сепак може да игра важна улога кај оние лица кои проаѓаат низ процесот на одвикнување од алкохолот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар