Не е глутенот секогаш виновен: Што на некои луѓе навистина им пречи кога јадат леб?

Не е глутенот секогаш виновен: Што на некои луѓе навистина им пречи кога јадат леб?

Според резултатите на една нова студија изгледа дека личностите кои сметаат дека се чувствителни на глутен всушност се чувствителни на фруктани кои исто така се наоѓаат во пченицата.

1-ne-e-glutenot-vinoven-shto-na-nekoi-lugje-navistina-im-prechi-koga-jadat-leb-www.kafepaua.mk_

Се сметало дека околу 13% од луѓето, кои чувствуваат надуеност после внесувањето леб и тестенини во организмот, се чувствителни на глутен. Меѓутоа, само 1% од популацијата има дијагностицирана целијакија. Токму затоа научниците од Осло и Универзитетот Монаш во Австралија објавиле научна студија чии резултати укажуваат на сосема друг виновник за состојбата на овие луѓе – фруктанот (полимер на фруктоза кој предизвикува надуеност) од пченицата. Овие молекули на фруктозата се наоѓаат и во уште некои намирници како што се ‘ржта, јачменот и артичоката.

Истражувањето опфатило 59 личности кои немале целијакија, но кои чувствувале непријатност после внесувањето намирници кои природно содржат глутен. Тие добиле задача да јадат посебни стапчиња. Еден дел од нив содржел глутен, вториот фруктан, а третиот ниту глутен, ниту фрукан. Испитаниците биле поделени во 3 групи и секоја личност јадела по едно стапче секојдневно во текот на една недела, а потоа правела пауза од една недела, пред да го повтори експериментот, само со друг вид стапче.

Резултатите покажале дека стапчињата со фруктан предизвикале надуеност за 15% повеќе во однос на контролната група и симптоми на гастроинтестинални тегоби за 13% повеќе. Стапчињата со глутен кај испитаниците не предизвикале ништо поразлично од оние на контролната група.

Од наведеното може да се заклучи дека глутенот како главен виновник за надуеноста и дигестивните тегоби може да го подели своето прво место со фруктанот.

Чувствителноста на глутен се смета за „модерна болест“, а овие знаци откриваат дека можеби вашето тело не поднесува глутен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар