Не чудете се, независните жени се најпосакувани!

Сите ние познаваме жена која е независна. Таа им откажува на момците, присуствува на разни забави, оди на кампувања и патувања. Сите ја озборуваат зад нејзиниот грб. Момците ја посакуваат или пак сакаат таа да биде во нивна близина. Таа го фасцинира секој маж веднаш штом ќе се појави. Оваа жена постои, а ова се причините зошто секој маж ја посакува.

1-ne-chudete-se-nezavisnite-zheni-se-najposakuvani-www.kafepauza.mk_

1. Таа знае како да се справи сама на забава. Дури и ако не познава никого. Таа е способна да започне разговор и да запознае нови луѓе.

2. Таа има многу приказни за раскажување. Ако сака нешто да направи, ќе го направи тоа. Таа не очекува останатите луѓе да го сакаат истото што таа го сака. Затоа, ако таа сака да танцува, а нејзините пријатели се противат на тоа, тогаш таа ќе го направи тоа без нив.

3. Таа знае да разговара. Таа има исполнет социјален живот, па затоа комуницирањето со останатите луѓе не ѝ претставува проблем. Таа постојано испробува нови работи, добра e во запознавањето на нови луѓе, комуникацијата со нив и во зближувањето на односите со нив.

4. Таа не бара маж за да ја поддржи. Таа воопшто не размислува да ја напушти својата работа откако ќе се омажи, бидејќи не сака да мисли дека не придонесува со никакви приходи – или уште полошо, дека нема своја сопствена кариера.

5. Таа не е опседната со мали работи. Таа не сака да ја троши својата енергија на мали и непотребни караници. Таа има поголеми проблеми со кои треба да се соочи и е добра во избегнувањето на мали драматични ситуации.

2-ne-chudete-se-nezavisnite-zheni-se-najposakuvani-www.kafepauza.mk_

6. Таа никогаш не бара нешто од другите. Тоа е така бидејќи истото важи и за неа. Таа совршено ја знае разликата помеѓу сакањето некој околу себе и потребата од некого. Сепак, таа совршено добро е во состојба самата да си ги задоволи сопствените потреби.

7. Таа има свои цели. Таа нема да го направи нечиј успех нејзин приоритет, бидејќи има своја листа со цели кои сака да ги исполни. Нив не ги жртвува за да успее во врската, бидејќи за неа важи едно правило – подобро сама и среќна отколку во врска и несреќна.

8. Таа нема потреба од маж за да ја комплетира. Многу жени веруваат во тоа дека тие се една половина и мора да го пронајдат совршениот маж да за ги комплетира и да станат целина. Но, независните жени знаат дека најпрво тие треба да бидат задоволни со самите себе, а дури потоа да стапат во здрава и среќна врска.

9. Таа има свои пријатели за дружење. Таа нема да го моли своето момче да гледаат филм, бидејќи таа има пријатели со кои може да го прави тоа. Исто така таа нема да моли тој да ја води на секое излегување со неговите другари.

10. Таа ужива во времето поминато сама со себе. Иако таа нема планови за излегување, со сигурност нема да побара некој за да ја забавува. Таа може да пронајде многу интересни работи во кои ќе ужива сама без никој да ја прекинува. И да, ќе биде совршено задоволна со тоа.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар