Науката зад 10-те библиски чуми

Секоја пролет, Евреите ширум светот го прославуваат празникот Пасха, кој го слави избавувањето на Евреите од Египет. Пред Мојсеј да може да го почне 40-годишното патување низ пустината, му била потребна дозвола од фараонот да ги ослободи Евреите кои биле негови робови. Но, фараонот немал меко срце, па ова го предизвикало Бог да ги прати 10-те чуми за да го натера фараонот да го смени мислењето. Дали која било од овие чуми е возможно да настанала природно?

1. Крв

(2)naukata-zad-10-te-bibliski-chumi-kafepauza.mk

За да ја пушти првата чума над Египет, Мојсеј ја допрел реката Нил со неговиот стап и ја претворил целата река во крв. Во исто време, неговиот брат Арон го направил истото со водата во каналите. Ненадејната промена на бојата на реката можно е да била предизвикана од цутење на црвени алги. Тие се појавуваат во одредени услови и можат толку многу да се намножат што ја прават водата да изгледа крваво.

2. Жаби

(3)naukata-zad-10-te-bibliski-chumi-kafepauza.mk

За втората чума, Мојсеј „повикал“ огромен број жаби кои ги преплавиле домовите на луѓето. Како што е познато, феноменот „дожд од жаби“ бил пријавен неколку пати низ историјата. Еден извештај од 1873 година опишува ваков настан кој ѝ претходел на дождовна бура. Во 2010 година, во Грција, илјадници жаби излегле од езерата од северниот дел на државата во потрага по храна и го попречувале сообраќајот. Не звучи како нешто нереално, се согласувате?

3. Вошки

(4)naukata-zad-10-te-bibliski-chumi-kafepauza.mk

Третата чума, според хебрејскиот збор „keenim“ може да значи или вошки или болви или мушички. Ако отровната алга цутела во првата чума, а останал куп мртви жаби од втората, не е чудно сето тоа да привлече повеќе инсекти до вообичаено.

4. Диви ѕверови

(5)naukata-zad-10-te-bibliski-chumi-kafepauza.mk

И повторно, хебрејскиот збор за четвртата чума, „arov“, има двосмислено значење. Грубиот превод е „мешавина“ и низ годините е преведуван како диви животни, оси или комарци, а понекогаш и како ѕверови кои наликувале на волци. Според едно истражување од 1996 година кое се обидело да ги објасни овие феномени, четвртата чума претставувала рој муви. Нивниот убод предизвикувал отоци кои се појавуваат понатаму во приказната.

5. Мртов добиток

(6)naukata-zad-10-te-bibliski-chumi-kafepauza.mk

Петтата чума била мистериозна и заразна болест која го убила целиот добиток во Египет. Денес се смета дека оваа болест е иста со говедската чума која потекнува од Азија и стигнала во Египет пред околу 5000 години. Говедската чума последен пат била дијагностицирана во Кенија во 2001 година и се смета за целосно уништена во 2010.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар