Науката вели дека има причина зошто рано наутро не ви се станува од кревет

Истражувачите многу често се прашуваат зошто одредени луѓе преферираат утра, додека пак други повеќе ја сакаат ноќта. Дали овие преференции се настанати од навика или пак, се биолошки?

Науката вели дека има причини зошто рано наутро не ви се станува од кревет

Според една нова студија која била објавена во журналот „Frontiers in Neurology“, биолошкиот часовник на одредена личност, однесувањето поврзано со него како и својствените преференции се генетски наследени. Во оваа студија, истражувачите анализирале различни генетски варијации кај винските мушички. Овие инсекти имаат многу сличен „генетски часовник“ како луѓето, па токму затоа тие успеале да идентификуваат околу 80 варијации кои има шанса да играат улога во преференциите за спиење и будење кај луѓето.

Истражувачите откриле дека одредени гени не се поактивни за време на различни делови од денот како што претходно се верувало. Наместо тоа, целосниот генетски код на винските мушички кои се поактивни наутро е многу поразличен од оној на оние кои се поактивни вечерта.

„Набљудувањето на генетските експресии беше само еден дел од нашето истражување. Очигледното прашање беше што предизвикува различни експресии кај ранобудниците и ноќните птици. Овие разлики најмногу се појавуваат поради генетските варијации во нивните ДНК секвенции, односно различни верзии на гените се присутни кај оние кои повеќе го сакаат утрото од кај оние кои повеќе ја сакаат ноќта“, вели д-р Еран Таубер, еден од авторите на студијата.

Па, доколку имате проблеми со будењето рано наутро и доцнењето на работа поради истото, благодарение на ова истражување можете слободно да почнете да ги обвинувате вашите гени…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар