Науката вели дека чајот од камилица може да им помогне на жените да живеат подолго

Една шолја чај од камилица може да ја олесни настинката, како и да ве смири додека сте под стрес, но изгледа дека здравствените придобивки не завршуваат тука. Едно ново истражување покажува поврзаност помеѓу пиење обичен чај од камилица и намалување на ризикот од смрт настаната од било која причина кај постарите жените.

Науката вели дека чајот од камилица може да им помогне на жените да живеат подолго

Во период од 7 години, еден тим научници анализирале 1.677 субјекти од двата пола, кои биле на возраст од над 65 години. 14% од нив пиеле редовно чај од камилица, но само кај жените се покажале овие здравствени придобивки. Но, тоа не значи дека не станува збор за неверојатно откритие. Жените кои пиеле чај од камилица имале и до 29% помалку шанси да починат за време на студијата. Во овој момент, тимот на научници сè уште не можат да ги објаснат овие резултати.

Авторот на студијата, Брет Хаури, предложил неколку можни претпоставки, велејќи:

„Причината поради која постои разлика во нашите резултати помеѓу мажите и жените сè уште не е јасна. Но, разликата може да постои поради традиционалните полови улоги каде што жените се одговорни за секојдневните активности во домот, вклучувајќи го и здравјето на семејство, што најчесто вклучува и поголем број алтернативна медицина. Жените, исто така имаат поголема навика да пијат чај од камилица, за разлика од мажите.“

Камилицата долго време била позната како домашен лек за скоро сите болести. Според една студија од 2011 година, луѓето ја користат за илјадници нешта, започнувајќи од повреди настанати од отровен бршлен, па сè до смирување на несоницата.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар