Науката вели дека бракот може да биде одличен за вашето здравје

Според едно неодамнешно истражување, бракот, заедно со сите позитивни и негативни страни, има и неколку навистина големи здравствени придобивки. Студијата била спроведена на скоро милион возрасни кои имале ризик од срцеви заболувања, со цел да се открие како влијае сопругот или сопругата што ја буди нивната желба да бидат подобри личности. Резултатите покажале дека луѓето со висок холестерол во 50-тите, 60-тите и 70-тите години имале 16% поголема шанса за продолжување на нивниот животен век доколку се во брак наместо сингл.

Науката вели дека бракот може да биде одличен за вашето здравје

Бракот на некој начин ги инспирира и двете страни да живеат поздраво и подобро, притоа зголемувајќи ги шансите за преживување во случај на ризик од кардиоваскуларни болести, во ситуациите каде што луѓето имаат висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес. Иако точната причина сè уште не е детерминирана, сепак изгледа дека нешто во брачниот однос ги заштитува двете индивидуи, без разлика дали постои срцева болест или само зголемен ризик за развивање.

„Не велиме дека сите треба да стапат во брак“, вели еден од научниците што ја воделе студијата. „Тоа што е важно е поддршката што ја добиваме во бракот, што исто така може да се добие од пријателите, семејството и социјалните групи за поддршка.“

Со неколку зборови, од оваа студија можеме да издвоиме дека социјалните интеракции, во комбинација со медицинските фактори како високиот крвен притисок се многу важни при детерминирање на нашето здравје и добросостојбата. Без разлика дали сте во брак или не, вие секогаш можете да побарате помош од најблиските за справување со секојдневните проблеми.

Прочитајте ги и овие непишани правила за среќен и успешен брак.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар