Науката тврди дека оние кои уживаат да бидат сами имаат поголеми шанси да успеат во животот

Науката тврди дека оние кои уживаат да бидат сами имаат поголеми шанси да успеат во животот

Иако успехот е нешто што сите ние сакаме да го постигнеме, тоа може да биде вистинска борба. Можеби би си рекле дека екстровертите најбрзо ги остваруваат своите животни цели, токму поради својот карактер, но науката не се согласува со вас. Доколку и вие сте едни од оние луѓе кои уживаат да поминуваат време во самотија, тогаш токму оваа карактеристика може да ви помогне при остварувањето на вашите успеси. Еве зошто…

Науката тврди дека оние кои уживаат да бидат сами имаат поголеми шанси да успеат во животот

Не ви е потребно одобрување

Ако уживате да поминувате време со себе, имате тенденција да бидете своите најдобри пријатели. Еден од клучните трикови за успех е создавањето избори во кои можете да бидете сигурни. Кога не сте насочени кон останатите членови на групата, вие можете да се фокусирате на оние можности за кои мислите дека сте во согласност со вашите интереси. На тој начин, вие истовремено и го смалувате стресот од околината во која работите. Не мора да се грижите за тоа што другите го мислат, па наместо тоа се фокусирате целосно на завршувањето на својата работа според вашите стандарди.

Правите помалку импулсивни избори

Личноста која поминува повеќе време со своите мисли, внимателно размислува за своите одлуки. Кога станува збор за донесување огромни одлуки, тоа може значително да ги зголеми шансите за одбирање на најдобрите можни опции. Оние кои уживаат да поминуваат време сами, полесно можат да го водат своето однесување и со помали награди. Ова однесување е поврзано со хемијата во мозокот, бидејќи според истражувањата, екстровертите и интровертите покажуваат разлики во ослободувањето допамин. Екстровертите, разбирливо, имаат поголемо ниво допамин по добивањето награда за разлика од интровертите, кои едноставно не бараат награди на истиот начин како нив и се задоволуваат и со помалку.

Мудро располагате со парите

Оние кои обожаваат да поминуваат време со себе знаат како да ги донесат вистинските одлуки за нив. Тоа е погодно за донесување мудри финансиски одлуки кои вклучуваат избегнување лоши навики, негативни последици и пропуштени можности. Ако постои една работа која може да ви помогне да постигнете успех, тоа е правилното располагање со парите.

На кратко, ако поминувате многу време сами и мудро ги искористувате овие часови, тоа може да биде клучот за успешен живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар