Науката потврди: Мачките и кучињата можат да гледаат „духови“ и фреквенции кои се невидливи за луѓето

Науката потврди: Мачките и кучињата можат да гледаат „духови“ и фреквенции кои се невидливи за луѓето

Mногу животни ја имаат способноста да гледаат фреквенции кои не се видливи за човечкото око. Се претпоставувало дека животните не можат да ги гледаат ултравиолетовите зраци, но последните докази укажуваат на спротивното.

naukata-potvrdila-machkite-i-kuchinjata-gledaat-frekvencii-nevidlivi-za-lugjeto-kafepauza.mk

Биолози од САД спровеле истражување во кое откриле дека мачките, кучињата и други цицачи можат да ја видат ултравиолетовата светлина. Оваа светлина има бранова должина над распонот кој може да го забележи човековото око.

„Дали сте помислиле дека вашето маче или куче гледа нешто што вие не можете да го видите? Според едно ново истражување, можеби сте во право. Научниците ги проучувале леќите на мртви цицачи, вклучувајќи мачки, кучиња, мајмуни, панди, ежиња и ласици. Тие истражувале колку светлина поминува низ леќата и откриле дека за некои животни кои се мислело дека не ја гледаат ултравиолетовата светлина важи спротивното.“

Ако имате милениче, сигурно го имате забележано како гледа во нешто невидливо за вас. Истражувањето покажало дека можеби има нешто повеќе за овој феномен отколку што мислиме. Возможно е дури животните да гледаат и „духови“ или битија од друг вид. Иако истражувањето не го докажува точно тоа, многумина се прашуваат дали животните забележуваат работи за кои ние не сме ни свесни дека постојат.

Способностите за забележување и психичките „моќи“ на кучињата биле дел од многу научни истражувања. Сè уште немаме одредено знаење за оваа тема бидејќи за луѓето е речиси невозможно да комуницираат со животните на начин кој би дал задоволувачки одговори.

Но сепак, зарем не е интересно тоа што животните гледаат невидливи работи? Дури и глувците спаѓаат во животните кои можат да ја забележат ултравиолетовата светлина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар