Науката открива: Можете да се спријателите „на прв поглед“!

Дали ви се случило некогаш да запознаете некого и веднаш да почувствувате дека таа личност може да ви биде најдобар пријател? Веднаш забележувате дека одлично се согласувате, имате слични интереси и иста смисла за хумор. Според најновите истражувања пријателството „на прв поглед“ не е последица на вашата интуиција, туку има врска со науката.

Науката открива: Можете да се спријателите „на прв поглед“!

Според едно истражување од 2006 година, кај студентите од прва година факултет кои веднаш се зближиле постоела голема веројатност дека ќе останат пријатели и понатаму. Истражувачите сметаат дека ова не е толку поврзано со мислењето дека првите впечатоци се секогаш точни, туку дека има врска со тоа што луѓето им веруваат на нивните инстинкти. Ние ги користиме позитивните први впечатоци како мотивација да го зачуваме пријателството со одредена личност.

Освен тоа, некои нови истражувања откриле дека одредени луѓе имаат поголеми шанси да доживеат пријателство на прв поглед, за разлика од други.

„Кај луѓето кои се прилагодливи, отворени и внимателни постои поголема веројатност дека ќе доживеат „пријателска хемија“ , односно заеднички позитивен прв впечаток“, објаснува Кели Кемпбел, професорка по психологија на државниот универзитет во Калифорнија.

Природно е тоа што најчесто ваквите луѓе се од женски пол, веројатно затоа што жените се навикнати да му веруваат нивниот инстинкт и емоции, за разлика од мажите кои се обидуваат истите да ги потиснат.

Доколку вам и на вашата најдобра пријателка ви се случило истото, добро е да знаете дека најпрво сте почувствувале „пријателска хемија“ бидејќи сте девојки и знаете како да ја следите вашата интуиција кога станува збор за запознавање нови луѓе. Потоа, сте го искористиле тој прв позитивен впечаток како мотивација за да продолжите и понатаму да другарувате и да го зачувате пријателството. И потоа сте живееле среќно до крајот на животот… Гледате? Пријателството на прв поглед навистина постои!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар