Науката открива како правилно да се извините

Да се направи вистинското извинување може да биде голем предизвик. На секој му е тешко да признае дека направил грешка и уште потешко е тоа да го направи со искреност и милост. За среќа, група истражувачи од државниот Универзитет во Охајо го откриле рецептот за совршеното извинување.

Науката открива како правилно да се извините

Според студиите, објавени во списанието „Negotiation and Conflict Management“, извинувањето може да биде моќна алатка за помирување и прифаќање на ситуацијата, но не сите извинувања се исти. Всушност, истражувачите откриле 6 клучни компоненти кои формираат ефективно извинување кое делува искрено и промислено:

  • Израз на каење
  • Објаснување каде работите тргнале на лошо
  • Препознавање и прифаќање на одговорноста
  • Декларација на покајание
  • Понуда за поправка на ситуацијата
  • Барање прошка

Истражувачите на група од 755 испитаници – волонтери им дале едно хипотетичко бизнис сценарио во кое потенцијалниот работник признава дека направил нешто погрешно додека одел на своето претходно работно место и потоа се извинил за своите дела. На испитаниците им биле дадени неколку извинувања кои соодветствувале со истото сценарио и им било побарано да ја проценат нивната сила, односно ефект. Додека некои од извинувањата ги исполнувале сите компоненти за успешно извинување, некои користеле само еден или два од нив.

Се забележало дека две од клучните компоненти биле поефективни од другите: Препознавањето и прифаќањето дека сте направиле нешто лошо и понудата да се поправат и решат проблемите. Најмалку ефективната компонента била онаа во која се барало прошка.

„Една грижа околу извинувањата е тоа што се мисли дека разговорот е евтин. Но со велењето дека ќе го поправите она што е погрешно, се посветувате на тоа дека треба да преземете нешто за да ја намалите или отстраните штетата. Извинувањата навистина делуваат, но треба да се погрижите во нивното пренесување да внесете што е можно повеќе од 6-те клучни компоненти за успешно извинување“, вели Рој Луицки, главниот истражувач на Универзитетот.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар