Науката открива: 3 психопатски карактеристики кои се корисни во работата

Новите истражувања ги рушат стереотипите за психопатите, особено оние стереотипи кои ги претставуваат луѓето со ова нарушување како криминалци, насилни и непожелни за вработување. Но, изгледа дека психопатските особини се всушност корисни во бизнисот. Универзитетот во Бон спровел истражување и открил дека постојат две гранки на нарушувањето, секоја со спротивни лични карактеристики и начин на однесување. Една од овие гранки се поврзува со многу особини кои се корисни во работата.

Науката открива: 3 психопатски карактеристики кои се корисни во работата

Терминот психопатија се однесува на она што се смета за нарушување на личноста. Луѓето кои страдаат од ова покажуваат антисоцијално однесување, намалена емпатија и каење и недостаток од ограничувања. Но, според ова ново истражување само секундарните психопати ги поседуваат класичните психопатски особини како што се слаба самоконтрола и не водење сметка за туѓите чувства. Овие особини прават психопатите да делуваат деструктивно и непожелно за работната средина и оттаму произлегува нивната репутација дека не можат да функционираат во општеството.

Примарните психопати, пак, имаат забележителни социјални способности и иако не мора по секоја цена да поседуваат силни емпатични емоции, тие се способни барем да остават впечаток дека ги поседуваат. Ова истражување се обидувало да докаже дека психопатите не се по секоја цена зли или неспособни да бидат добри. Напротив, тие можат да дадат голем придонес за општеството.

Покрај социјалните способности, примарните психопати поседуваат некои особини кои не само што им овозможуваат да изградат кариера, туку и да работат навистина добро. Дури и надвор од сферата на бизнисот, бестрашната доминација може да биде корисна. Пожарникари, доктори, адвокати, сѐ се тоа професии кои бараат особини за кои некој би рекол дека се психопатски. Погледнете кои се трите особини кои ги прават психопатите незаменливи во нивната работа…

Науката открива: 3 психопатски карактеристики кои се корисни во работата1. Бестрашност

Бестрашноста во бизнис потфатите е она што ги издвојува успешните работници од просечните луѓе. Примарните психопати знаат да го пренасочат нивниот недостаток од ограничувања и чувствителност во опасен и бестрашен став на работното место. Типично за психопатите е тоа што имаат намалена реакција на стравот. Исто така, здодевноста многу влијае на луѓето со психопатски тенденции. Целта на бестрашните луѓе е да ја победат досадата, па така овие особини можат да бидат многу корисни кога станува збор за преземање ризици кои се исплатат на работното место.

2. Доминација

Доминација, поточно потребата секогаш да биде по нивно. Нормално е ако не чувствувате емпатија, да ви биде тешко да прифатите каков било компромис. Доминантните луѓе се способни да донесат одлука и цврсто да се држат до неа, така што не е воопшто чудно што оваа особина е пожелна во светот на бизнисот.

3. Способност да го издржат стресот

Ова е клучната особина која ги држи сите останати карактеристики заедно и ги претвора во супер машина за бизнис. Освен тоа, сите сакаат да бидат покрај личноста која ги завршува сите обврски на работното место и истовремено делува опуштено и релаксирано.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар