Научно потврдено: не легнувајте си на спиење вознемирени

Научно потврдено: не легнувајте си на спиење вознемирени

Старата добро позната анегдота дека не треба да се легнува на спиење доколку сме лути или вознемирени, конечно доби и научно потврдување благодарение на невролозите од Универзитетот Амхерст во Масачусетс, САД.

Научно потврдено: Не си легнувајте на спиење вознемирени

Нивното истражување покажува дека доколку имате негативен излив на емоции, тоа можете да го средите само доколку останете будни, а не доколку си легнете да спиете. Доколку вие веднаш после некоја вознемиреност легнете на спиење, ги потиснувате длабоко во себе негативностите, кои повторно можат многу лесно да испливаат на површина и да влијаат исто толку лошо во друга ситуација.

Научниците ги посочуваат оние лица кои страдаат од пост-трауматско стресно растројство или сведоците на некоја несреќа, како примери за објаснување на нивните заклучоци во пракса. Па така, тие велат дека доколку еден сведок  на грозоморна несреќа остане буден после таквото случување, следниот пат кога ќе види слика или снимка од истото случување, неговата реакција ќе биде далеку помирна, за разлика од случај кога веднаш потоа би заспал. Научниците велат дека мозокот не дозволува лицето да заспие, како еден вид одбранбен механизам.

Секако за ова истражување е земен тежок пример, кој не го доживеале многу лица. Сепак, ова се однесува на каква било негативна емоција, како на пример кавга со партнерот или недоразбирање на работното место кое предизвикало лоши чувства кај вас. Истражувањето потврдува дека е подобро ваквите негативни чувства да се разрешат пред легнување, за да имате порационална реакција за проблемот наредното утро.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар