Научно докажано: Кое однесување кај момците може да им залепи етикета на чудни и одбивни?

Понекогаш другарките се предупредуваат меѓусебно со зборовите: „Пази се од него, чуден е“. Но, зошто некој човек би делувал чудно и одбивно? За среќа, науката ги има одговорите на ова прашање. Резултатите од едно истражување, во кое била извршена анализа на мислењето на 1.029 жени и 312 мажи на просечна возраст од 29 години, ги одредиле причините зошто некои луѓе добиваат етикета на „чудни“ и „одбивни“.

Научно докажано: Кое однесување кај момците може да им залепи етикета на чудни и одбивни?

Според истражувањето, кај мажите постои поголема веројатност да остават впечаток на чудни отколку кај жените, а жените, пак, се чувствуваат сексуално загрозени во присуство на такви мажи. Освен тоа, непредвидливоста во голема мера придонесува за фактот колку еден човек ќе делува чудно. Жените се чувствуваат непријатно кога не знаат што да очекуваат од некого. Чудното и непознатото се тесно поврзани со чувството на страв што зависи од тоа дали некој делува опасно. Доколку чувствувате дека нешто не е во ред со некого, не ја занемарувајте таа реакција бидејќи на тој начин вашиот одбранбен механизам се обидува да ве заштити. Со цел да одредат кои начини на однесување придонесуваат за тоа некој маж да делува чудно и одбивно, истражувачите побарале од испитаниците да оценат кои одлики сметаат дека се најкарактеристични за чудните луѓе. Ова се 9-те најчести…

1. Ве зјапа пред да започне разговор. Доколку некој непрестајно ве зјапа, а не доаѓа да се запознае и да започне разговор, разбирливо е да ве полазат морници. Сигурно се прашувате: „Што ли размислува?“ и веднаш помислувате на нешто непријатно и безобразно.

2. Често ве допира. Дури и „пријателската“ прегратка или бакнеж во образот се неприфатливи доколку не сте доволно блиски.

3. Постојано спомнува нешто поврзано со секс. Непожелната интимност може да делува страшно и опасно.

4. Сака да ве фотографира. Освен ако не правите салто во воздух, нема причина зошто некој непознат човек би сакал фотографија од вас.

Научно докажано: Кое однесување кај момците може да им залепи етикета на чудни и одбивни?

5. Сака да дознае приватни детали за вашето семејство. Со непознат човек може да се разговара за времето и за поопшти работи. Не можете да разговарате за вашите семејни проблеми.

6. Има мрсна коса. Постојат повеќе објаснувања зошто некој би имал мрсна коса, но општо гледано тоа воопшто не е привлечно. Лошата хигиена е знак дека човек не се грижи за тоа каков впечаток остава, а тоа дефинитивно делува одбивно и чудно.

7. Не ве гледа во очи. На овој начин тој делува незаинтересирано и отсутно, како да спрема некаков заговор.

8. Многу е постар од вас. Повозрасните мажи сами по себе воопшто не се чудни и одбивни, меѓутоа нивната возраст во комбинација со други начини на однесување, како што се честите допири и разговорот за секс, придонесува да делуваат како опасни предатори.

9. Не покажува емоции. Отсутниот поглед е многу застрашувачки. Се прашувате што ли размислува, што ли крие? А никој не би сакал да се грижи за тие работи кога за прв пат ќе се запознае со некого.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар