Научниците потврдуваат: Треба да работиме само 4 дена неделно!

Дали мислите дека колку повеќе работите толку повеќе задачи ќе завршите? За жал, ова е илузија во која веруваат поголемиот дел од луѓето. Во денешно време, сѐ повеќе луѓе работат по 50, 60, па дури и 70 часа неделно. Канцелариите ги претвораат во втор дом.

Научниците потврдуваат: Треба да работиме само 4 дена неделно!

Меѓутоа, К. Андерс Ериксон, еден од најпознатите експерти за професионална психологија, направил неколку експерименти и докажал дека луѓето можат продуктивно да работат само 4 до 5 часа дневно. Кога ќе го остварат максимумот, ефикасноста почнува да опаѓа и луѓето страдаат.

„Ако ги форсирате луѓето да работат многу повеќе одошто можат да ја задржат концентрација, постои голема веројатност дека тие ќе се здобијат со лоши навики. Што е уште полошо, овие лоши навики можат да се одразат и во периодот кога луѓето се најпродуктивни“, објаснува Ериксон.

Менаџерите кои ја скратиле работната недела забележале некои значајни придобивки како што се подобрување на работата на нивните вработени, но и зголемување на нивната лична и професионална среќа.

Рајан Карсон, извршен директор на Treehouse во 2006 година вовел 32-часовна работна недела. Оттогаш, неговите вработени се посреќни и попродуктивни. Според Карсон, денес компанијата е многу успешна, остварува годишен профит од милион долари, а вработените со задоволство одат на работа секој ден.

Слична е и приказната на компанијата за веб развој Reusser Design. Тие во 2013 година вовеле 4-дневна работна недела.

„И покрај тоа што вработените понекогаш работат прекувремено во петоците, нивната ефикасност е многу поголема. Не можете да си замислите колку луѓето брзаат да ги завршат проектите пред да одат на одмор“, открива основачот на компанијата.

Во Колорадо исто така бил направен експеримент со тоа што одреден период училишната недела траела 4 дена за учениците од 4-то и 5-то одделение. Резултатите покажале дека учениците кои учеле 4 дена во неделата постигнале поголем успех по читање и математика за разлика од децата кои оделе на училиште 5 дена.

„Мислам дека е нереалистично од децата да се очекува да бидат максимално сконцентрирани на сите часови. Ова особено важи за децата кои имаат потешкотии при концентрирањето“, изјавил Ериксон.

Ова истражување покажува дека дури и најмалата промена во работното време може да биде од голема корист за вработените и компаниите.

Во 2008 година за време на економската криза во Америка, поранешниот гувернер на Јута, Џон Ханстмен, спровел план со цел да го промени текот на работната недела. Речиси 75% од работниците почнале да работат 4 дена во неделата, но 10 часа дневно. Ова решение не само што ги намалило трошоците за греење, струја и вода, туку и ја зголемило работната етика кај вработените. Луѓето уживале во дополнителниот слободен ден и биле задоволни од промената, бидејќи не морале повеќе да се нервираат со застоите во сообраќајот.

Овие причини се повеќе од доволни за да се докаже дека скратувањето на работната недела е подеднакво корисно и за работниците и за фирмите.

Доколку забележувате дека вашата продуктивност на работното место е намалена, обрнете внимание на овие фактори.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар