Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Додека некои научници се расправаат дали е поважен коефициентот на интелигенција или емоционалната интелигенција, други се обидуваат да откријат како некои фактори, вклучувајќи изглед и однесување, може да влијаат на интелектуалните способности на една личност. Со низа истражувања, тие дошле до навистина интересни и неочекувани заклучоци. Се покажало дека вашата висина, тежина, должина на прстите, па дури и бојата на очите можат да го покажат вашето ниво на интелигенција. Во продолжение погледнете ги 12-те знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали и вие сте натпросечно интелигентни.

1. Повеќе сакате да бидете сами отколку со бучна група пријатели

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

На паметните луѓе не им е потребен голем број пријатели за да си поминат убаво. Истражувањето спроведено од страна на Норман Ли и Сатоши Каназава покажало дека интелигентните луѓе сакале да поминуваат време сами, додека социјализирањето повеќе ги заморува отколку што им причинува задоволство. Исто така, интелигентните луѓе настојуваат да зборуваат сами со себе. Ова е знак за напредна интелигенција, е не лудило.

2. Сте научиле да читате многу рано

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Фактот дека некои деца учат да читаат порано не ги прави интелигентни. Британските научници Стјуарт Џ. Ричи, Тимоти К. Бејтс и Роберт Пломин веруваат дека самото читање ги прави овие деца попаметни. Односно, колку порано сте ја научиле азбуката, толку повеќе книги сте прочитале и сте ги прошириле вашите видици. Се разбира, ова важи за луѓе кои читаат разна литература, а не само еден жанр или еден автор.

3. Постари сте од браќата или сестрите

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Научниците од Универзитетот во Единбург докажале дека постарите деца секогаш имаат мала, но значајна предност кога станува збор за коефициент на интелигенција. Најчесто имаат 3 поени повеќе од помалите. Оваа разлика не е поврзана со биолошки или генетски фактори, туку со психолошката интеракција помеѓу родителите и децата.

4. Вашата висина е над просекот

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Истражување од Принстон спроведено од страна на Ен Кејс и Кристина Паксон покажало дека повисоките деца добиваат повеќе поени на тестовите за интелигенција. Ова може да се забележи уште во раното детство. 3-годишните деца кои растат побрзо добиваат подобри резултати од пониските врсници.

5. Сте посетувале часови по музичко

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Истражувањето на Глен Шеленберг покажало дека децата кои 9 месеци оделе на часови по музичко (клавијатури или пеење) имале повисок коефициент на интелигенција во споредба со другите. Во 2013-та Глен дури изјавил дека високиот коефициент на интелигенција е главната причина зошто овие деца одбрале музика.

6. Имате нормална телесна тежина

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Истражување од 2006-та година покажало силна врска помеѓу индексот на телесна маса и когнитивните способности. Луѓето кои имале натпросечен индекс имале послаби резултати на тестовите за интелигенција во споредба со другите групи. Француските научници анализирале податоци од 2.200 испитаници во рок од 5 години и покажале дека обемот на половината е директно поврзан со високата интелигенција.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар