Научниците откриле биофотони во нашиот мозок: Дали свеста е поврзана со светлината?

Научниците откриле дека невроните во мозокот на цицачите можат да создаваат фотони, односно биофотони. Фотоните се појавуваат во видливиот спектар на светлината. Тие се од речиси инфрацрвени до виолетови, односно со бранова должина помеѓу 200 и 1.300 нанометри.

(1)nauchnicite-otkrile-biofotoni-vo-nashiot-mozok-kafepauza.mk

Научниците сметаат дека невроните во нашиот мозок можеби комуницираат преку светлина. Тие мислат дека во мозокот се наоѓаат оптички канали за комуникација, но не знаат какви информации би се пренесувале преку нив. Она што е уште поинтересно е дека ако постои оваа оптичка комуникација, биофотоните можеби се под влијание на квантна поврзаност. Ова значи дека постои силна врска помеѓу овие фотони, нашата свест и веројатно она што многу религии и култури го нарекуваат Свет дух.

Во неколку експерименти научниците откриле дека мозоците на стаорците испраќаат само еден биофотон за секој неврон во минута. Но, човечкиот мозок би можел да праќа милиони биофотони во секунда. Од овде произлегува прашањето: Дали мозокот што произведува повеќе светлина е посвесен?

(2)nauchnicite-otkrile-biofotoni-vo-nashiot-mozok-kafepauza.mk

Ако навистина постои врска помеѓу биофотоните, светлината и свеста, ние всушност знаеме многу малку за светлината. Размислете, многу религиозни текстови кои постојат од почетокот на човештвото ги опишуваат светците и небесните битија како суштества со светлина околу нивните глави. Од древна Грција и древен Рим, до учењата на Хиндуизмот, Будизмот, Исламот и Христијанството, но и многу други религии, светите битија се секогаш претставени со ваква светлина. Ако тие се навистина „разбудени“ како што се опишани, можеби оваа светлина е резултат на нивната повисока свест. Можеби овие битија произведувале повеќе биофотони кои резултирале со видлива светлина. Дури и зборот просветлување укажува дека високата свест е можеби поврзана со светлината.

(4)nauchnicite-otkrile-biofotoni-vo-nashiot-mozok-kafepauza.mk

Но најинтересната теорија која произлегува од ова истражување е тоа дека нашата свест и душа можеби не се поврзани со нашето тело. Според квантната поврзаност, две поврзани фотони реагираат исто на некакво влијание кое е извршено само на едниот фотон. И тоа во исто време без разлика на нивната оддалеченост. Можеби постои свет во светлината и без разлика каде сте, фотоните може да бидат како порта помеѓу овие два света. Можеби нашиот дух и свест комуницираат со нашите тела преку овие биофотони. И колку повеќе светлина произведуваме, толку посвесни стануваме.

(5)nauchnicite-otkrile-biofotoni-vo-nashiot-mozok-kafepauza.mk

Во многу квантни експерименти се потврдило дека состојбата на фотоните се менува ако само свесно го набљудувате. Можеби овој феномен го објаснува токму тоа. Можеби со свесното набљудување ние „комуницираме“ со фотонот користејќи ги нашите биофотони. Се разбира, сето ова се само претпоставки и теории кои се резултат на интересно откритие. Но, ако се постават вистинските прашања, можеби конечно ќе разбереме што всушност претставува свеста, од каде доаѓа и која е мистеријата која ја крие светлината.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар