Научниците можеби нашле начин да ги спречат алергиските реакции уште пред да се случат

Научниците можеби нашле начин да ги спречат алергиските реакции уште пред да се случат

Многу луѓе кашлаат, киваат, им тече носот, им солзат очите, ги чеша грлото, им излегуваат осипи и имаат напади на астма како последица од некоја алергија. Доколку и вие се соочувате со таков проблем, сигурно многу ќе ви се допадне следново откритие.

Научниците можеби нашле начин да ги спречат алергиските реакции уште пред да се случат

Научниците од Универзитетот Аархус во Данска, велат дека нашле начин да ги употребат антителата за да ги спречат алергиските реакции. Истражувачите веруваат дека научните резултати ќе придонесат за развој на комплетно нови лекови за алергија.

Според откритијата, луѓето кои се алергични на полен и отров од инсекти може да примат терапија од одредено антитела што ќе ја спречи алергиската реакција уште пред да се случи. Имено, ова антитело предизвикува комплексни биохемиски процеси во човечкото тело кои го спречуваат човечкото алергиско антитело да се закачи за клетките и на тој начин служат како превенција за симптомите што ги предизвикува алергијата.

Ова се одлични вести за луѓето кои страдаат од алергии. Нема да треба повеќе да го дочекувате денот со кивање и кашлање.

„Сега можеме да ја опишеме интеракцијата на ова антитело со неговата мета и промените што се случуваат. Тоа ни овозможува да разбереме како антителото се бори со алергијата и нејзините посебни рецептори на имунолошките клетки во телото кои ослободуваат хистамин за време на алергиските реакции“, објасниле научниците.

Можеби се прашувате зошто некои луѓе имаат алергиски реакции на навидум безопасни супстанции, како што се прашина, влакна од мачка или кикирики. Ако сте алергични на убод од пчела, вашиот имунолошки систем доживува претерана реакција доколку дојде до таков убод и произведува огромна количина на антителото што се вика имуноглобин Е (ИгЕ).

Токму овие хемикалии ги предизвикуваат сите тие здодевни алергиски симптоми. Најчестите терапии за алергија ги напаѓаат рецепторите на овие делови од имунолошкиот систем и ги сведуваат алергиските симптоми на минимум. Сето тоа функционира одлично, но уште подобро би било кога би можело целосно да се спречат алергиските реакции.

Тоа е целта на новата терапија која директно го напаѓа имуноглобинот Е. Функцијата на ова антитело е да го спречи врзувањето на имуноглобинот Е со двата рецептори (CD23 и FceRI) на имунолошките клетки и на тој начин да не им дозволи на алергиските молекули да се поврзат.

Истражувачите исто така забележале дека антителото целосно ги отстранува молекулите, дури и откако се поврзат со рецепторите.

„Откако ќе се отстрани имуноглобинот Е од имунолошките клетки, не е важно дали телото ќе произведе уште милион други такви молекули. Кога ќе го отстраниме главниот причинител, алергиските реакции и симптоми нема да се случуваат“, изјавиле научниците.

Истражувачите спровеле пробни експерименти со крвни клетки од пациенти алергични на полен и отров од инсекти, меѓутоа тврдат дека терапијата може да се примени на речиси сите други видови алергии и астма.

Прочитајте ги и следниве 3 симптоми на алергиска реакција што не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар