Научниците ја пронашле митската река што врие во Амазон

Научниците ја пронашле митската река што врие во Амазон

Понекогаш легендите се покажуваат како вистинити. Длабоко во амазонската џунгла, далеку од општеството, постои древна легенда за реката која врие и која може да го „испржи“ секое живо суштество кое ќе се обиде да плива во неа.

nauchnicite-ja-pronashle-legendarnata-vrela-reka-vo-amazon-kafepauza.mk

Името на реката, Shanay-timipshka, во буквален превод значи „зовриено од топлината на сонцето“. И конечно, научниците ја откриле реката која многумина ја сметале само за мит. Легендарната река чија вода буквално врие е скриена во срцето на перуанскиот Амазон. Откриена е од геофизичарот Андре Рузо.

„Кога бев мал, татко ми ми кажуваше приказни за митскиот златен град скриен во перуанската џунгла.“, изјавил научникот кој го поминал своето детство патувајќи помеѓу Никарагва, Перу и Тексас.

„Кога го забележав ова, веднаш го земав мојот термометар. Просечната температура на реката беше 86 степени Целзиусови. Тоа не е точка на вриење, но е доволно блиску. Не е легенда.“

Реката е долга околу 6,5 километри, а нејзината најширока точка е 25 метри. Најдлабоката точка на реката е 6 метри. И покрај тоа што е далеку од најблискиот вулкански центар, таа се „храни“ со термалните води од околината, а ова ја објаснува нејзината температура.

Според мерењето, температурата на водата достигнува и до 100 степени. Воздухот над реката е толку жежок што можете да почувствувате „горење“ во носот и белите дробови.

„Физички е невозможно да замислите толку многу жешка вода. Ако ја ставите раката во реката можете да добиете изгореници од втор или трет степен“, изјавил научникот.

„Видов многу животни кои паднаа во водата, од птици до влекачи. Комплексните организми, како што сме ние, не би ја поднеле високата температура и буквално би се свариле во реката.“

Со хемиска анализа, научниците откриле дека водата од реката на почетокот паднала како дожд, најверојатно некаде во Андите. Како што патувала надолу, водата се загревала од геотермалната енергија на планетата, за на крај да заврши како реката која врие во Амазон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар