Научниците докажаа дека мачките ги разбираат основите на физиката

Научниците докажаа дека мачките ги разбираат основите на физиката

Кое животно мислите дека е најпаметно? Ова е многу тешко прашање, бидејќи различни животни се добри во различни задачи. Токму затоа и група јапонски истражувачи неодамна решиле да го истражат подетално ова прашање и да откријат кои животни се подобри од останатите за една од најтешките науки: Физиката! И одговорот е многу сладок и неодолив… Да, станува збор за мачките!

Научниците докажаа дека мачките ги разбираат основите на физиката

Класичниот тест за проценка на способноста на одредено животно да најде логична поврзаност меѓу нештата е многу едноставен. Најпрво, на животното му се покажуваат 2 чинии, една празна и една со храна. Потоа, чиниите почнуваат да мрдаат сè додека конечно не се скријат зад завеса. Задачата е животните да погодат каде ќе се појави храната на другата страна од завесата и да истрчаат таму. Многу животни не го поминале овој едноставен тест, вклучувајќи ги и птиците, рептилите, па дури и нашите далечни роднини – мајмуните.

Што се однесува до мачките, научниците ја направиле оваа задача за нив уште потешка бидејќи лесно поминувале на основната. Тие требало да го поврзат изворот на звук со одреден објект во внатрешноста на полупроѕирна кутија со дупка во неа. Кутијата одвреме-навреме шумолела, но не секогаш излегувало нешто од неа. Ова предизвикувало мачките да почнат да ја истражуваат, допирајќи ја со нивните шепи и гледајќи ја љубопитно. Изгледа тие биле способни да го поврзат звукот со кутиите дури и кога ниту еден објект не излегувал од нив.

Овој експеримент покажал дека мачките имаат високо развиено разбирање за причинско последичните врски, што е основата на сите закони во физиката. Па, кога мислите дека вашето крзнено пријателче со мустаќи се однесува чудно и изгледа премногу заинтересирано за нешто тривијално, вие едноставно не го разбирате доволно начинот на кој работи неговиот мозок. Со ова однесување мачката се обидува да ви каже: „Тоа што гледам не е логично. Не грижи се, бидејќи ќе откријам за што станува збор.“

Научниците докажаа дека мачките ги разбираат основите на физиката


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар