Натпревар помеѓу кучиња-сурфери на бранови

На натпреварот во сурфање на бранови, во кој учесници се кучиња-сурфери, а се одржува по шести пат во заливот на одморалиштето Луис Коронадо, присуствувале стотици локални граѓани од САД. Повеќе од педесет кучиња со различни големини и раси, се собрале по должината на брегот на калифорниската плажа Империјал на 5 јуни 2011 за да бидат дел од едно натпреварувачко јавање на бранови. Натпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиКучињата се натпреварувале во 10-минутни периоди, во кои се обидувале да „уловат“ барем два бранови. Периодите биле поделени во три категории: мали кучиња, големи кучиња и кучиња кои сурфаат во тандем. Судиите барале самодоверба во четвороножните сурфери, сурфање на долги бранови и оформено чувство за стил во овој спорт.Натпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиПобедниците на овој натпревар добиваат специјален туристички пакет во одморалиштето Луис Коронадо. Целиот профит од овој натпревар е дониран на DonorsChoose.org, онлајн-форум, кој им овозможува на професорите кои работат во државните училишта во Сан Диего, да побаруваат и да примаат финансиска поддршка од приватни спонзори за училиштен прибор.Натпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на бранови———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар