Народите на Сибир

Малубројните нации во Северна Азија заедно претставуваат богат и стар збир од народи и култури. Се создале под влијание на вековните миграции и  инвазии од сите страни, вклучувајќи ги Персијците, Турците, Русите и Кинезите. Денешните политички поделби не секогаш се сообразени со историјата на тамошните народи, но, сепак, им го даваат новото чувство на национален идентитет, покрај, изворниот, етничкиот.Народите на сибир

Евенки

  • Население: 33.000 во Русија, 34.000 во Кина
  • Јазик: евенски (тунгунска гранка од алтајската група, сродни со јазикот маџу во Кина), руски, монголски, јакутски
  • Вера: шаманизам

Народите на Сибир - ЕвенкиЕвенките живеат насекаде низ тајгите на Сибир, Монголија и Кина. Кинеските Евенки се фармери кои одгледуваат овци, а речиси половина од руските Евенки се занимаваат со традиционалното стопанство, засновано врз одгледувањето ирваси, со лов (заради храна и крзно) и со риболов. Тие одгледуваат припитомени ирваси кои им служат за влечење и добивање млеко. Тие се мали ирваси, па затоа се јаваат  седејќи на нивните рамена, а не на грбот. Евенките не ги јадат своите ирваси бидејќи ги сметаат за многу вредни во нивната култура. Шаманизмот е нивната религија (зборот шаман потекнува од евенскиот јазик) и има големо влијание.Народите на Сибир - Евенки

Јакути (Саха)

  • Население: 380.000
  • Јазик: јакутски (од групата северни туркиски јазици), руски
  • Вера: руска православна црва од преобратувањето во 17 век
  • Место: Република Јакутија, Русија

Народите на Сибир - Јакути (Саха)Јакутите или Саха, како што сакаат самите да се нарекуваат, се најголема автохтона група од народите во Сибир. Ја населуваат Јакутија – најголема административна единица во Русија, огромен појас во источен Сибир, кој ја опфаќа и областа Верхојанск т.н. Студен пол, каде температурата се спушта и под -60. Се населиле во 13 век, веројатно со ширењето на турските народи кон север. Со себе ги донеле знаењата за одгледување добиток, посебно коњи, кои ги приспособиле на живот при ниски температури. Нивната култура цветала благодарение на трговијата со Русија, но економијата под власта на Сталин им била насилно колективизирана.Народите на Сибир - Јакути (Саха)

Ненци

  • Население: 34.000
  • Јазик: ненецки (сроден со финскиот и лапонскиот), руски
  • Вера: ненецка вера со примеси на анимизам и шаманизам
  • Место: Артичка Русија од двете страни на Урал

народите на сибирНенците живеат во зоната на поларниот круг и претставуваат најсеверни жители на Европа (бидејќи живеат и на европската страна на Урал). Нивната татковина е Јамалскиот полуостров (Јамал, значи „крај на светот“). Тие самите се нарекуваат Ненет што значи „исконски човек“ и тие се дел од поголема група наречена Самоеди. Благодарение на својата изолираност, ненеската култура им одолеала на руските христијански мисионери, а потоа и на колективистичките амбиции на советските власти. Тие се номади, не населуваат трајно некоја област, туку се селат два пати годишно со своите ирваси. Нивната древна вера е анимистичка (секој предмет во природата, жив или нежив, има свој дух).Народите на Сибир - Јакути (Саха)

Чукчи

  • Население: 15.000
  • Јазик: чукотски (еден од чукотско-камчатските јазици на рускиот далечен Исток), руски
  • Вера: руска православна црква, шаманизам, анимизам
  • Место: североисточен Сибир

Народите на Сибир - ЧукчиСпоред надворешниот изглед, облеката и културата, Чукчите многу личат на автохтоните артички народи на Северна Америка. Повеќе Чукчи живеат во својата автономна област на Чукотскиот Полусотров. Крајбрежните и континенталните Чукчи имаат различен начин на живеење. Народите на Сибир - ЧукчиКонтиненталните се полуномади и одгледуваат ирваси, а крајбрежните се рибари и ловци на морски цицачи. Тие имаат слична традиција со народите на Алјаска. Чукчите во текот на 20-от век му давале оружен отпор на советскиот режим, па затоа земјата им била одземена и загадувана од индустријата и нуклеарните проби.Народите на Сибир - Чукчи

Тувинци и Алтајци

  • Население: 240.000 тувинци и 69.000 алтајци
  • Јазик: тувински, алтајски, руски, кинески
  • Вера: будизам, бурханизам (микс на будизам со шаманизам), ислам, христијанство
  • Место: Тувинска Република, Монголија и Алтајска Република, Русија

Народите на сибир - Тувинци и АлтајциТувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година  прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија.

Алтајците се извор на шаренило од јазици. Тие се полуномадска заедница на сточари, но повеќето од нив Русите ги натерале на постојан живот. Дури некои од Алтајците, кои не се номади, чуваат јурт (традиционален номадски шатор).Народите на сибир - Тувинци и Алтајци

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар