Народен трик кој ќе ви покаже кога ќе се венчате

Постои едно народно верување, кое сигурно сте го чуле од вашата баба, со чија помош можете да откриете на колку години ќе стапите во брак. За овој мал „експеримент“ потребна ви е чаша вода и бурма која е закачена на конец.

Народен трик кој ќе ви покаже кога ќе се венчате

Земете го прстенот и закачете го на конец, а во чашата сипете вода, малку повеќе од половина. Откако ќе го сторите тоа, поставете го прстенот во центарот на чашата, над водата и чекајте. Тој ќе почне сам да удира во рабовите на чашата, па токму затоа почнете да броите. По некое време, прстенот сам ќе застане. Се верувало дека колку пати тој ќе удри во чашата, за толку години наводно ќе се венчате.

Обрнете добро внимание на ударите, бидејќи некогаш се случува прстенот да удри тивко и вие да не го чуете. Она што е навистина интересно кај овој експеримент е фактот што колку пати и да го повторувате, вие секогаш треба да добиете ист број. Реално за „валидноста“ на експериментот е тешко да се говори, бидејќи се работи за народно верување. Во секој случај, забавно е да се проба, се согласувате?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар