Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола

La Petite Ceinture, на македонски „Малиот појас“, е железничка линија околу Париз која денес не се користи повеќе. Долга е околу 32 километри и кружи по работ на градот. Била градена во педесеттите и шеесеттите години на 19-тиот век, а користена само до 1934 година кога луѓето почнале повеќе да ги употребуваат автомобилите и метрото. Оттогаш е напуштена, па затоа природата почнала да ја зема под своја контрола и да си го враќа она што некогаш ѝ било одземено.

Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола

Денес на оваа железничка линија живеат растенија и над 70 видови животни, главно инсекти, но и глувци, лисици и слично. Со оглед на тоа што е напуштена, Парижаните и туристите-истражувачи ја користат за прошетки по какви што Париз не е познат.

Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола

Покрај оние што сакаат прошетка на ова место каде што се среќаваат природното и урбаното, таа привлекува и графити-уметници и бездомни лица кои овде наоѓаат некаков покрив над главата. Тоа предизвикало дури и да биде основано едно прифатилиште за бездомници во еден од напуштените возови. Сепак, најубавиот дел од неа е оној каде што локалните жители направиле градини во кои се релаксираат во природен амбиент.

Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола Напуштена железничка линија во Париз која природата ја зема под своја контрола

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар