Направете сами: Празнични декорации за вашиот дом!

На сите нас празничните денови ни се најубавиот период во годината, бидејќи тогаш владее посебно расположение, посебна атмосфера во домовите, но и во целиот град. Меѓутоа, целата таа еуфорија нема да биде комплетна доколку не се грижиме за декорациите кои го красат нашиот дом, а особено кога на прагот се божиќните празници. Денес за вас имаме неколку одлични идеи за празнични декорации кои со сигурност ќе ве воодушеват, а вие ќе можете и самите да ги направите. Најдоброто од сè е тоа што нема да ви бидат потребни многу материјали, ниту пак време, туку само повеќе фантазија и креативност!

1-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

1. Купете од некоја цвеќара или продавница мали саксии со занимлив изглед, и во нив засадете жито кое пораснало или некој друг цвет кој го сакате. Околу саксиите заврзете сатенски панделки, а околу саксиите можете да наредете мали шишарки или свеќи кои претходно ќе ги бојадисате со спреј во боја. Оваа декорација е одлична за некоја мала маса или пак полица.

2-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

2. Ова е уште една занимлива идеја. Ставете ги краевите од свеќата во топла вода, а откако тие малку ќе омекнат, заглавете ги во грлото на стакленото шише од вино или некој друг пијалак. На шишињата ставете сатенски панделки и вашата декорација е готова.

3-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

3. Доколку немате саксии, наместо нив можете да ги искористите шолјите со различни мотиви и различни облици, кои ќе изгледаат доста убаво и одлично ќе го украсат вашиот дом.

4-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Продолжете на наредната страна за уште неколку занимливи празнични декорации…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар