Направете сами: 5 практични идеи за организирање на вашиот накит

Модните додатоци и накитот отсекогаш биле незаменлив дел од секој ефективен изглед. Добро избраниот накит ја истакнува вашата индивидуалност, дава доза на елеганција во вашиот изглед и прави сите да ве забележат. Доколку обичната бела блуза и фармерки ги надополните со преубави обетки, ќе изгледате совршено. Па затоа, организацијата на накитот може да претставува проблем за многумина девојки. Ланчињата се замрсуваат, обетките се губат, ништо не ви е на дофат на рака. Затоа решивме да погледнеме како другите се сетиле да го организираат својот накит и наидовме на голем број сјајни идеи, кои не само што засекогаш ќе го решат проблемот со организирањето на вашиот накит, туку исто така може да ви послужат и како мал украс во вашата соба.

1-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_

1. Искористете стара летва и модерна рачка за фиока за да направите совршен држач за вашите ѓердани. Ова е навистина едноставно, а ефективно решение. Најважно е да одвоите малку од своето време и да пронајдете совршена рачка, со интересен дезен. Секако, и винтиџ дизајните се во тренд, па затоа можете да погледнете дали случајно дома ви се наоѓа некое старо парче мебел од кое можете да ги извадите рачките. После ова, доволно е да изберете стара летва или гранка, да ја исчистите и да ја премачкате со лак за заштита на дрво. Изберете лак со мат финиш. Распоредете ги и залепете ги рачките. Толку е едноставно.

2-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_

2. Старите рамка и плута кои ќе ги бојадисате во бела или златна боја, може да направат вашиот накит да изгледа како уметничко дело! Можете да пронајдете плута во која било подобро опремена работилница за куќи, а за убави стари рамки посетете ги антикварниците. Рамката и плутата можете да ги бојадисате и украсите како што ќе посакате, но задолжително одберете палета на бои што одговараат едни со други и не користете повеќе од две. Запомнете, накитот е тој што ќе биде вистинскиот украс.

3-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_

3. Минималистичко, а ефикасно решение – гранка и закачалки за пешкири или крпи. Многу едноставно, зарем не? Како и во првиот случај, и овде е важно да изберете убава гранка и да ја заштитите со лак. Кога ќе ги избирате закачалките, задолжително понесете ја гранката со вас за да ја изберете соодветната големина. Друго нешто што ќе ви биде потребно е пиштол со силикон и канап. Внимателно зацврстете го канапот на крајот од гранката и откако ќе бидете задоволни како тој е замотан и поставен, прицврстете го со силикон. Распоредете ги закачалките на гранката и залепете ги со суперлепак за тие да стојат на своето место.

4-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_

4. Кутијата за чување на приборот за јадење, може да ви послужи и за чување на накитот. Ова не би му паднало секому на памет, а сепак решението е сјајно. Пронајдете или направете плитка дрвена кутија како онаа во која се чува прибор за јадење, префарбајте ја и прицврстете пар закачалки во неа, како и на нејзиното дно за да можете да ги закачете сите ваши синџирчиња.

5-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_

5. Уште една интересна идеја е бела гранка или еленов рог како украсен детаљ. Можеби тешко ќе најдете вештачки рогови од елен, но затоа пак слободно можете да наидете на неколку бели гранки. Наредете ги гранките во некој интересен облик, залепете и оставете да се исушат. Потоа, заштитете ги со мат лак, а краевите бојадисајте ги во златна боја за дрво. Ова е преубав украс и фантастичен начин за да ги чувате вашите нараквици и обетки.

6-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар