Направете убави шарени алки од обично пластично шише

Кога ќе погледнете колку е лесно, веднаш ќе посакате да направите неколку алки за вашите деца или за децата на вашите пријатели.

napravete-ubava-narakvica-za-vashite-deca-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mk

Потребни материјали:
  • Пластично шише
  • Селотејп
  • Ножици
  • Пегла
  • Лакови за нокти
Постапка:
  1. Околу шишето облепете селотејп, онолку колку што треба во зависност од тоа колку сакате алката да биде широка.
  2. Пресечете го шишето над и под селотејпот така што ќе ви остане само парчето кое е облепено.
  3. Одлепете го селотејпот од пластиката.
  4. Земете ја пеглата, исклучете ја пареата и ставете на средна топлина.
  5. Земете го парчето од шишето кое веќе наликува на алка, и нежно допирајте го на пеглата додека постојано го вртите во круг (како што е прикажано во видеото). Повторете го ова и од другата страна.
  6. Откако ќе ја добиете посакуваната форма, бидете креативни со лаковите за нокти боејќи по внатрешноста на алката.

Едноставно, нели?

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар