Направете сами: торба за на плажа која не собира песок

Направете сами: торба за на плажа која не собира песок

Летото е период од годината, во кој сите мечтаеме да ни исчезнат обврските, за да можеме да отидеме на плажа и да уживаме додека сонцето нè разгалува и топли, а водата нè освежува. Единствена мана, е тоа што кога сонцето ќе зајде и ќе се упатиме кон сместувањето, целиот песок од торбата за на плажа, го пренесуваме внатре.

реклама

реклама

Блогот „Between the Lines“ нуди решение на тој проблем, со мрежестата торба за на плажа, која многу лесно можете да ја сошиете сами, ќе ви трае речиси засекогаш и драстично ќе го намали количеството песок кое ќе го донесете дома од плажата. Едноставно само протресете ја кога ќе си заминувате од плажа. Плус, поради циркулацијата на воздухот, ќе ви се сушат и мокрите пешкири во неа. Генијална е!

Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

Потребни материјали:
  • Комарник, нов или користен со должина 66×100 сантиметри
  • Парче пластика, дрво или картон за фиксирање на дното, со големина од 13×51 сантиметри
  • Мушама, нова или користена, за обвивање на парчето пластика/дрво/картон и за шиење џепче за дреболии
  • Памучна трака со која ќе ги декорирате внатрешните рабови на торбата и џепчето
  • Патент со должина од 15 см за џебот
  • Кожни ленти за рачките (доколку не можете да најдете кожа, можете да употребите парче од мушамата или друг материјал кој вам ви одговара)
  • Силни нитни за прицврстување на рачките за торбата
  • Перфоратор
  • Ножици, конец
  • Машина за шиење
Направете сами: торба за на плажа која не собира песок
Составување на џепчето

1. Од мушамата исечете:

  • правоаголник, со големина 17х6 сантиметри
  • правоаголник, со големина 17х28 сантиметри

2. Најпрво на двата краеви од патентот зашијте мали парчиња памучен материјал за декорација.

Направете сами: торба за на плажа која не собира песок

Наместете го патентот свртен да се отвора од десно кон лево. Свртете го патентот со лицето кон лицето на малото парче од мушамата и зашијте го горниот дел. За долната страна од патентот зашијте го големото парче мушама, притоа повторно свртени лице со лице. Ставете по еден штеп на двете долги страни од патентот за да стои мушамата полегнато.

3. Потоа превиткајте го големото парче одоздола, за да се соединат рабовите на малото и големото парче. Со конец затворете ги двете странични рабови на 0,5 сантиметри од крајот на мушамата и врз нив сошијте украсна трака. Врвот на џепчето нема потреба да го шиете, бидејќи тој ќе биде зашиен за внатрешниот раб на чантата.

Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

Составување на торбата

4. Главни рабови – На пократката страна од комарникот, подвиткајте 3 см од работ, а потоа превиткајте уште еднаш во дупло. За да не ви бега мрежата, придржете ја со спојувалки и притиснете го работ убаво, со некој потежок предмет. Сошијте го работ и повторете ја постапката кај другиот пократок раб, но не заборавајте убаво да го центрирате џепчето, пред да го зашиете за работ.

Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

5. Странични рабови – Превиткајте ја мрежата на половина, со тоа што порабоувањето да дојде од внатрешната страна. Сошијте ги страничните рабови, на 0,5 см од крајот. Потоа, зашијте им трака за да ги украсите.

Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

6. Формирање на дното – Превртете ја торбата наопаку и фатете ги двете долни ќошиња. Држете со палците одозгора, а со средните прсти подраширете и легнете ја на рамна површина. Треба да го гледате дното на торбата, а страничните штепови да ви бидат одоздола. Проштепувајте ги левото и десното ќоше така за да се формираат триаголници. Триаголниците може потоа да се отсечат, на 5 мм од штепот.

7. Изработка на стабилизаторот за дното – За да го изработите дното, исечете две еднакви парчиња од мушама, еден сантиметар пошироки во сите страни од парчето картон, тенката пластика или дрвото што го имате најдено. Сошијте три страни, оставајќи ја едната куса страна несошиена и потоа превртете ја мушамата од лице и вметнете го внатре дното кое сте го обезбедиле. Потсечете ги малку четирите агли од правоаголникот, за да може убаво да легне дното во торбата.

Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

8. Прикачување на стабилизаторот со дното – Вметнете ја пластиката на дното од торбата. Едниот краток зашиен раб од добиениот производ, сошијте го за торбата. Украсете го со трака. Отворената страна којашто ја оставивте, не ја сошивајте за торбата, за да можете да го извадите картонот/пластиката/дрвото од џебот, кога ќе ја перете торбата. Тоа значи дека дното ви е прицврстено само за едната куса страна од торбата.

Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

9. Прикачување на рачките – Одлучете каде треба да дојдат рачките. Направете соодветни дупчиња и на рачките и на самата чанта со перфоратор. Зацврстете ги рачките за чантата со помош на нитни.

Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

Забелешка: Бидејќи големината на нитните никогаш нема перфектно да одговара на дебелината на употребениот материјал, надоместете ја разликата со тоа што ќе додадете едно мало парче кожа или некој друг материјал на задната страна. Ова истото така и ќе му додаде дополнителна цврстина на веќе употребениот материјал.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар