Направете сами: пролетно дрво од украсна хартија

Автор: Ана Петровиќ

Доколку сакате да внесете пролетен амбиент во вашиот дом, ова е едноставен предлог како да го направите тоа. Освен за декорација на домот, ова шарено дрвце може да послужи како креативен свадбен или роденденски подарок за вашите најблиски.

(1) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk

Потребни материјали:
  • Украсна хартија со различни дезени
  • Гранчиња од дрво
  • Жица
  • Лепило
  • Ножици
  • Картон
  • Вазна каде што ќе ги поставите гранчињата
  • Весници

Интересно е тоа што веројатно поголемиот дел од материјалите веќе ви се наоѓаат при рака. Колку едноставен начин да ја внесете пролетта во вашиот дом!

Како да го направите тоа?

1. За почеток, земете ја вашата колекција од украсни хартии, кои ви останале неупотребени. Доколку немате ваков тип хартија во својот дом, можете да си набавите неколку од вашата најблиска продавница.

(2) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk

2. На парчето картон нацртајте форми на листови, кои подоцна ќе ги исечете. Обидете се да ги направите листовите симетрични, за да може полесно да ги споите со украсната хартија.

(3) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk

3. Земете дел од жицата и исечете ленти во должина 12-20 см. Направете неколку различни должини за дрвото да изгледа побујно.

(4) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk

4. Со помош на веќе исечените листови од картон, направете идентични форми на листови од украсната хартија.

(5) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk

5. Распоредете весници по вашата работна маса, за да го избегнете нередот. Земете го листот од картон и на него нанесете малку лепило, врз кое ќе ја поставите жицата. Врз жицата, поставете го листот од украсната хартија и притиснете за да се залепат убаво, а потоа оставете го неколку минути на весниците, за да се исуши.

6. Направете го истото со сите листови.

7. Сега забавниот дел – почнете да ги обвиткувате гранчињата со помош на жицата. Можете да ги поставите да изгледаат природно (како сликата погоре)…

(6) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk

или нежно да ги извиткате за да изгледаат позабавно.

(7) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk

И готови сте! Креативна идеја која ќе го разубави вашиот простор и ќе послужи како одлична декорација во некоја од собите.

(8) napravete-sami-proletno-drvo-od-ukrasna-hartija-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар