Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

Единственото нешто што не можете да не го забележите за време на есента се лисјата. Тие паѓаат од дрвјата и се присутни низ тревниците, улиците и дворовите, а зошто истите да не ги искористите за да направите прекрасни есенски декорации? Овие предмети ќе ви дадат пријатно чувство. За сите љубители, денес ви прикажуваме неколку начини на кои можете сами да си создадете есенски декорации кои ќе направат да се чувствувате удобно во вашиот дом.

1. Свеќи и пченка

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

За да го создадете овој едноставен, но убав предмет, потребна ви е стаклена вазна во форма на цилиндар, пченка и свеќа. За да се ослободите од мирисот кој го има пченката, најпрво можете зрната да ги ставите во вода. Покријте го дното на вазната со нив, ставете ја свеќата и истата опкружете ја со уште зрна пченка. На крај, можете да врзете врвка околу вазната за да изгледа поубаво.

2. Вазна во интересен облик со шишарки внатре

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

За да го направите овој украс можеби најтешкиот дел ќе биде да најдете вазна во некој интересен облик, но, проверете во продавниците или пак на Интернет. Подготвувањето нема да ви одземе многу време, затоа што едноставно треба да соберете листови, шишарки или желади и да ги ставите во вазната. Сепак, важно е да ги дезинфицирате добро пред да ги ставите во вашиот дом.

3. „Крвави“ свеќи

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

Доколку и вам ви се допаѓа традицијата за Ноќта на вештерките, оваа декорација ќе ви биде од корист. Имено, сѐ што ви треба се три предмети: Бела свеќа, црвена свеќа и запалка. Изработката е исклучително лесна, но секогаш треба да бидете внимателни со огнот. Најпрво запалете ја црвената свеќа и дозволете восокот да капка по страните на белата. Како што тој ќе се лизга надолу, тоа ќе создаде слика дека „крвта“ сѐ уште паѓа. Не само што оваа декорација е интересна, туку е и многу евтина!

4. Лисја во внатрешноста на теглата

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

Доколку сте љубители на креативни проекти, ќе сфатите дека теглите заземаат голема улога при подготвувањето на некои декорации. За да ја подготвите оваа, потребни ви се тегли, вештачки лисја, лепило и мали ламбички. Што се однесува до вештачките лисја, тие најчесто се со цврсти стебла, па за да им овозможите полесно да се прилагодуваат во теглото, нив треба да ги отстраните. Најпрво нанесете тенок слој од лепилото на теглата пред да ги наместите лисјата во каква положба ви одговараат. Откако ќе ги ставите, покријте ги со уште еден слој и оставете ги да се исушат. За дополнителна декорација можете да врзете врвка околу теглата, а за да изгледаат убаво ставете мали светилки внатре и оставете ги каде било во вашиот дом.

5. Обојте ги теглите

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

Доколку имате малку повеќе време, можете да додадете боја на вашите тегли. Изберете какви сакате, но најдобро е да се обидете со кафеава, портокалова, црвена и жолта боја, бидејќи тие обично се карактеристични за есенската сезона. Наместо да користите дополнителни материјали, можете самите да напишете или да нацртате нешто врз теглите, а потоа наполнете ги со убави есенски лисја или цвеќиња. Слично како и кај претходниот предлог, можете да додадете соодветна врвка.

6. Тиква која ќе ја држи свеќата

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

Ова е елегантен есенски декор за кој ви се потребни тиква и свеќа. Најпрво отстранете го врвот на тиквата и направете отвор кој ќе биде доволно голем за да ја ставите свеќата внатре. Потоа, можете да го украсите врвот со различни лисја или други додатоци.

7. Тиква која ќе биде свеќник

Направете сами: Одлични есенски декорации за вашиот дом

Наместо тиквата да ја држи свеќата, зошто да не направите самата тиква да биде свеќник? Слично како и кај претходниот предлог, треба да го отстраните врвот на тиквата и да направите доволно простор за да може целата свеќа да влезе внатре.

Па, освежете го вашиот ентериер со помош на овие неколку идеи!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар