Направете сами: Новогодишна снежна кугла од тегла

Доколку сте љубители на снежни кугли, ова е дефинитивно одличен и едноставен „направи сам“ туторијал за вас. Со малку труд, оваа интересна занимација ќе ви донесе симпатичен новогодишен украс во вашиот дом, на кој сите ќе му се восхитуваат.

Направете сами: новогодишна снежна кугла од тегла

Потребни материјали:
  • Тегла со капаче
  • Дестилирана вода
  • Течен глицерин
  • Светки
  • Украс – мала новогодишна елка
  • Лепило

Направете сами: новогодишна снежна кугла од тегла

Начин на изработка:

Со силно лепило залепете ја елката за капакот од теглата и оставете го еден ден, за убаво да се зацврсти. Потоа, наполнете ја теглата до врвот со дестилирана вода. Додадете малку глицерин кој можете да го побарате во аптеките, со цел светките да паѓаат побавно. Потоа додадете одредена количина светки според ваш вкус. Затворете ја убаво теглата со капакот и протресете. Готово. Благодарение на овој едноставен туторијал, сега имате домашно направена снежна кугла, која ќе го внесе празничниот дух во вашиот дом.

Направете сами: новогодишна снежна кугла од тегла

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар