Направете сами: Магнети за фрижидер во форма на есенски лисја

Магнетите за фрижидер се навистина практични, не само што изгледаат убаво туку и служат за прикачување на распореди, потсетници и пораки. Еве како сами да направите магнети за вашиот фрижидер со есенски мотиви.

Направете сами: Магнети за фрижидер во форма на есенски лисја

Потребно:
  • 3 бои (црвена, портокалова и жолта) мек материјал
  • Црвен, портокалов и жолт конец (внимавајте конците да не се многу тенки)
  • Игла за крпење
  • Ножици
  • Метро
  • Парче хартија
  • Пенкало
  • Мали магнети (лепливи од едната страна; може да ги најдете во добро снабдените маркети и магацини)

Направете сами: Магнети за фрижидер во форма на есенски лисја

На парче хартија внимателно нацртајте неколку различни форми на есенски лисја (долги околу 8 цм) и исечете ги по рабовите со помош на ножици.

Направете сами: Магнети за фрижидер во форма на есенски лисја

Лисјата поставете ги врз меките материјали и внимателно исечете ги по рабовите со ножици. Од секоја од трите бои имајте по два модели есенски лисја.

Направете сами: Магнети за фрижидер во форма на есенски лисја

Земете дел од црвениот конец и протнете го низ иглата. Потоа на еден од црвените лисја извезете „вени“ за да изгледа поавтентично. За да го направите ова, најпрво извезете една права линија во средина па разгранете ја на неколку места. Истата постапка повторете ја со другиот црвен лист, па и со другите лисја, така што бојата на конецот ќе соодветствува со бојата на листот. Не трудете се да ги направите везовите сосем идентични, бидејќи не се идентични ни во природата, па бидете слободни.

Направете сами: Магнети за фрижидер во форма на есенски лисја

Откако ќе завршите со тоа, залепете по еден магнет на секој од есенските лисја па поставете ги на фрижидерот и уживајте во есенското расположение.

Направете сами: Магнети за фрижидер во форма на есенски лисја

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар