Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

Ако добро размислите, сè што ви е потребно за отклучување на вашата имагинација е една мала мрсна боичка. Само една мрсна боичка може да трансформира обичен лист хартија во нешто што е надвор од овој свет, како на пример, ананас кој јаде роботи или робот кој јаде ананас… Можностите се бескрајни.

(1) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

Но, што се случува ако решите да „боите“ надвор од линиите и да ја искористите оваа мрсна боичка за нешто сосема ново? На пример, вие би можеле да ги стопите мрсните боички и да направите колоритни свеќи кои ќе го украсуваат вашиот дом.

1. Првото нешто што ви е потребно е кутија со мрсни боички.

(2) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

2. Одберете ги вашите омилени бои.

(3) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

3. Ќе ви биде потребен стаклен сад за свеќи како и фитил.

(4) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

4. Ставете топло лепило на крајот од фитилот и поставете го на дното од чашата.

(5) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

5. Искористете го восокот кој ви останал од вашите омилени миризливи свеќи и поставете го во хартиена чаша која може да се стави во микробранова.

(6) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

6. Одберете ја првата мрсна боичка, отстранете ја декларацијата, искршете ја на мали парчиња и ставете ја во чашата со восокот.

(7) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

7. Ставете ја хартиената чаша во микробранова печка на околу 30-тина секунди или сè додека не се стопат состојките целосно и потоа измешајте.

(8) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

8. Поставете го стаклениот сад за свеќи во дијагонална позиција, сипете ја содржината од хартиениата чаша во него и оставете го да се исуши 20-тина минути.

(9) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

9. Одберете нова боја и повторете ја истата постапка за да го направите вториот слој.

(10) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

10. Откако ќе се исуши вториот слој, направете уште еден последен слој.

(11) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

11. Резултатот е свеќа во различни бои, по ваш избор, која мириса онака како што вие сакате.

(12) Направете сами: Колоритни миризливи свеќи за вашиот дом, составени од мрсни боички

Дозволете ѝ на вашата креативност да надвладее и обидете се со различни бои и комбинации.За повеќе информации за оваа постапка, погледнете го и ова одлично видео…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар