Направете сами едноставен освежувач на воздух и нека вашиот дом замириса на есен

Ако сте подготвени за простор кој мириса на есен, конечно е време да го употребите циметот и лушпата од јаболката што сте ја изеле. Овој природен освежувач во сите простории во вашиот дом ќе создаде убава, опуштена атмосфера која мириса на есен. Бидејќи деновите се пократки, меланхолијата за топлото време е сѐ поголема, па токму затоа е одлично да го подобрите расположение со овој мирис кој ги збогатува просториите, како и вашиот дух.

1-napravete-sami-ednostaven-osvezhuvach-na-vozduh-i-neka-vashiot-dom-zamirisa-na-esen=www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:

  • Лушпа од јаболко и неговото јадро
  • Кора од еден портокал или лимон
  • 1 стапче цимет или 1 мала лажичка цимет во прав
  • 1 исушено каранфилче
  • 1 мала лажичка зачин од тиква
  • 1 литар вода

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во мало тенџере и прелијте ги со вода. Вклучете ја ринглата на средна температура и оставете ја течноста пополека да врие. Можете да додавате вода по потреба и така да го продолжите рокот на траење на овој мирис во текот на целиот ден.

На крајот од денот, мешавината ставете ја во стаклена тегла со капаче или друг сад кој ќе можете добро да го затворите, па утредента можете повторно да направите освежувач. Овие состојки може да се користат во текот на следните три дена, а после тоа е потребно да направите нова смеса за освежување.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар