Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

Овој „направи сам“ туторијал е одличен за девојките кои сакаат од нешто старо да направат ново, но притоа не се многу вешти во шиењето. Со ова лесно упатство ќе видите како можете од вашиот износен џемпер да направите 3 нови модни парчиња за студената зима: ракавици без прсти, капче и стегач за околу глава со панделка.

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

Потребни ви се:

  • Еден голем џемпер кој повеќе не го носите
  • Машина за шиење или игла и конец
  • Шпенадли
  • Креда или сапунче за обележување
  • Ножици
  • За почеток, превртете го џемперот наопаку.

1. Ракавици без прсти

За да ги направите ракавиците, потребни ви се ракавите од џемперот. Поставете ја раката врз ракавот и исцртајте со кредата околу прстите и палецот, притоа оставајќи доволно простор за порабување. Исечете по линијата. Спојте ги со шпенадлите двете парчиња и потоа зашијте ги. Превртете ја ракавицата и пробајте ја на себе. Доколку е потребно, направете корекции, а ако е добра, превртете ја повторно наопаку и искористете ја како шаблон за да ја нацртате другата ракавица. Повторете ги сите чекори.

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

Ова е одличен начин да си ги затоплите рацете во студените денови и тие да останат навистина топли додека сте изложени на студ. Ако сакате, можете да додадете копченца или некој друг украсен материјал за да направите уште поуникатен дизајн.

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

2. Капче

Сигурно имате друго плетено капче дома, па земете го она кое ви е најточно и употребете го како шаблон за по него да го исцртате џемперот. За овој моден додаток ќе го користите долниот широк дел од џемперот. При исцртувањето не заборавајте да оставите и доволно простор за порабување, а потоа исечете и зашијте ги деловите. Свртете го капчето наопаку и готово, веќе можете да го носите.

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

Стегач за околу глава со панделка

Исечете долг правоаголен дел од градниот дел на џемперот. Доколку сакате подебел стегач, лентата што ќе ја сечете нека биде околу 12 см широка. Должината треба да биде колку обиколката на вашата глава. Спојте ги двете парчиња и зашијте ги. Со прстите превртете го стегачот и избуткајте го докрај. Зашијте ги внимателно уште кратките страни.

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

Потоа, можете да исечете уште едно парче кое ќе го протнете во стегачот за да ставите машничка или цвет. И сега сте готови. Имате 3 нови топли и удобни модни додатоци за оваа зима.

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар