Највисоките точки на секој континент

Терминот „Седум врвови“, кој за првпат беше употребен од страна на Ричард Бас на 30 април 1985 година, ги означува највисоките точки на секој континент. Ретки се оние кои се обиделе да ги освојат сите седум планински врвови, од кои највисокиот достигнува повеќе од 8.000 метри надморска височина.

Највисоките точки на секој континент

Врвот Меккинли во Алјаска, Северна Америка

Врвот Меккинли во Алјаска, познат уште како Денали, е највисокиот планински врв во Северна Америка. Неговата висина изнесува 6.194 метри со што претставува највисока планина во светот. Во топографијата, истакнатоста (самостојна или релативна висина) ја означува висината на планинскиот врв, мерена од најниската изолинија која го окружува врвот. Според оваа мерка, Меккинли е трет топографски најистакнат врв во светот по Монт Еверест и Аконкагва.

Највисоките точки на секој континент

Интересни факти за Меккинли:
  • Од падините на Меккинли протекуваат пет големи глечери.
  • Првото искачување на врвот било организирано на 7 јуни 1913 година, од страна на експедицијата предводена од Хадсон Стак и Хари Карстенс.
  • Сепак, врвот за првпат бил освоен од Волтер Харпер кој по потекло бил од Алјаска.
  • Во 2003 година околу 58% од алпинистите го освоиле Меккинли. Но, до 2003 година околу 100 алпинисти го изгубиле животот обидувајќи се да го освојат овој врв.

Највисоките точки на секој континент

Врвот Аконкагва во Аргентина, Јужна Америка

Врвот Аконкагва, висок 6.959 метри, се наоѓа на планинскиот масив Анди во аргентинската провинција Мендоза. Оддалечен е само 5 километри од провинцијата Сан Хуан и 15 километри од границата со Чиле. Самиот врв и неговата околина го сочинуваат Покраинскиот парк. Аконкагва изобилува со глечери од кои најголемиот глечер е Вентискверо Хорконес Инфериор, долг околу 10 километри.

Највисоките точки на секој континент

Интересни факти за Аконкагва:
  • Технички, Аконкагва е лесно достапна доколку се движите по нормалната северна рута. И покрај висината, Аконкагва е и најлесен врв за освојување затоа што не ви се потребни јажиња за да стигнете до него.
  • Првото снимено искачување кон Аконкагва се случило во 1897 година, од страна на една британска експедиција предводена од Едвард Фицџералд. Врвот прв го освоил Швајцарецот Матијас Зурбриген, на 14 јануари 1897 година.
  • Најмладиот алпинист кој ја освоил Аконкагва е Метју Мониц од Колорадо. Тој имал само 10 години кога на 16 декември 2008 година се искачил на Аконкагва. Од друга страна, најстариот алпинист, кој на 87-годишна возраст го освоил овој врв, е Скот Луис. Неговиот неверојатен подвиг се случил на 26 ноември 2007 година.

Највисоките точки на секој континент

Врвот Елбрус во Русија, Европа

Врвот Елбрус е всушност згаснат вулкан на планинскиот венец во западен Кавказ, во близина на границата со Грузија. Постојат поделени мислења за местоположбата на Кавказ и заради тоа овој планински венец е поделен на европски и азиски дел. И покрај тоа, врвот Елбрус важи за највисока точка во Европа. Неговата висина изнесува 5.642 метри во западниот дел (Западен Елбрус), односно 5.621 метар во источниот дел (Источен Елбрус).

Највисоките точки на секој континент

Интересни факти за Елбрус:
  • Врвот Елбрус постојано се наоѓа под снежна покривка од која се создале 22 глечери.
  • Тој се наоѓа на тектонска плоча која се движи и затоа под овој веќе неактивен вулкан лежи големо количество на вулканска лава.
  • Прво бил освоен понискиот дел на Елбрус, а потоа повисокиот. Источен Елбрус прв го освоил Хилар Хахиров на 10 јули 1829 година, додека Западен Елбрус за првпат бил освоен во 1874 година, од една англиска експедиција предводена од Флоренс Крафорд.
  • Во обид да го освојат Елбрус, секоја година помеѓу 15 и 30 алпинисти го губат животот, најчесто заради слабата опрема и лошата организација.

Највисоките точки на секој континент

Врвот Монт Еверест во Непал/Кина, Азија

Монт Еверест е највисокиот планински врв не само во Азија, туку и во целиот свет. Тој достигнува 8.848 метри надморска височина. Овој врв се наоѓа на Хималаите, на самата граница помеѓу Непал и Кина. Иако не е потребна некоја посебна техника за искачување, доколку се движите по јужната рута, сепак, Монт Еверест претставува опасност во однос на болестите поврзани со надморската височина и временските услови.

Највисоките точки на секој континентНајвисоките точки на секој континент

Интересни факти за Монт Еверест:
  • Првиот обид за освојување на Монт Еверест на 26 мај 1953 година бил неуспешен затоа што дел од членовите на британската експедиција останале без кислород. Тоа било поука за останатите членови кои стигнале до Монт Еверест неколку дена подоцна.
  • Првото самостојно освојување на врвот се случило на 20 август 1980 година. Алпинистот Реинхолд Меснер го освоил Монт Еверест без да користи боци со кислород и немал никаква поддршка при качувањето.
  • Најмногу смртни случаи се забележани во 1996 година. 16 алпинисти го загубиле животот искачувајќи се кон врвот, од кои дури 11 загинале само во мај.
  • Најмладиот освојувач на Монт Еверест е 13-годишниот Џордан Ромеро, а најстариот е 76-годишниот Мин Бахадур Шерхан.

Највисоките точки на секој континент

Врвот Килиманџаро во Танзанија, Африка

Килиманџаро со своите три вулкански кратери претставува неактивен вулкан во истоимениот Национален парк во Танзанија. Со висина од 5.895 метри, Килиманџаро е највисокиот планински врв во Африка. Под овој врв се наоѓа огромно количество на лава, но и покрај тоа, последната ерупција на вулканот Кибо (единствениот активен вулкан на Килиманџаро) била забележана пред 200 години.

Највисоките точки на секој континент

Интересни факти за Килиманџаро:
  • Во 1889 година, Мејер и австрискиот алпинист Лудвиг Пурчелер заедно со својата експедиција го освоиле Килиманџаро после две неуспешни обида.
  • Официјалната дата на нивното освојување е 6 октомври 1889 година, за време на 40-от роденден на Пурчелер.

Највисоките точки на секој континент

Врвот Пунчак Џаја во Индонезија, Австралија

Врвот Пунчак Џаја, висок 4.884 метри, е највисокиот врв на планинскиот венец Карстенз, во западно-централниот дел на провинцијата Папуа Нова Гвинеја во Индонезија. Освен тоа, овој врв е истовремено и највисокиот врв на островот Нова Гвинеја  и во цела Океанија. Со тоа, Пунчак Џаја претставува највисокиот островски планински врв во светот.

Највисоките точки на секој континент

Интересни факти за Пунчак Џаја:
  • Врвот за првпат бил освоен во 1962 година, од страна на четиричлена експедиција предводена од  австрискиот алпинист Хајнрих Харер.
  • За да се искачите до врвот, потребна ви е владина дозвола. Врвот бил затворен за туристи од 1995 до 2005 година, а од 2006 година тој е повторно отворен за туристичките агенции.
  • Откако Индонезија ја презела контролата врз Нова Гвинеја, во 1963 година, врвот се викал Пунчак Сукарно, а подоцна бил преименуван во Пунчак Џаја што во превод значи „славна планина“.

Највисоките точки на секој континент

Масивот Винсон на Антарктикот

Винсоновиот масив, кој е дел од планинскиот венец Елсворт, е највисоката точка на Антарктикот. Највисоката точка е на 4.892 метри надморска височина. Тој е оддалечен 1.200 километри од Јужниот Пол. Неговата ширина изнесува 13 километри, а должината достигнува до 21 километар.

Највисоките точки на секој континентНајвисоките точки на секој континент

Интересни факти за Винсоновиот масив:
  • Овој масив името го добил дури во 2006 година, според Карл Винсон, долгогодишен член на Конгресот на САД.
  • Винсоновиот масив за првпат бил забележан во 1958 година, а неговото прво освојување се случило во 1966 година.
  • Од февруари 2010 година, евидентирани се 1.400 планинари кои се обиделе да стигнат до врвот на Винсоновиот масив.

Највисоките точки на секој континент

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар