Највисоките работи во светот

Знаете ли кои се највисоките работи во светот? Највисоката зграда, највисокиот водопад, највисокиот мост…?

Највисоката зграда во светот е Бурџ Калифа, во центарот на Дубаи. Нејзините 160 ката се исполнети со канцеларии, 900 приватни резиденции, хотел Армани, фитнес-комплекс на 4 ката и палуба за набљудување на 124-от кат.Највисоките работи во светотНајвисоката црква во светот е „Ulm Münster“ во Улм, Германија. Со висина од речиси 162 метра, оваа црква го имала епитетот највисока зграда во периодот од 1890 до 1901 година. За време на Втората светска војна, при едно бомбардирање, голем дел од црквата бил уништен. Денес црквата нуди прекрасна панорама за најхрабрите кои ќе ги искачат сите 768 скали.Највисоките работи во светотНајвисоката пирамида во светот е Кеопсовата пирамида во Гиза, Египет. Таа е едно од оригиналите седум светски чуда. Не е познато кога точно е изградена, но според одредени проценки тоа би требало да биде околу 2.600 година п.н.е. Кеопсовата пирамида во минатото била повисока, но временските услови ја намалиле нејзината висина и денес таа е висока колку една зграда со 45 ката.Највисоките работи во светотНајвисоките водопади во светот се Ангелските водопади во Венецуела. Ангелските водопади се 19 пати повисоки од Нијагарините водопади и заради нивната висина водата паѓа во вид на вител од магла. Овие водопади не беа познати сè додека американскиот авијатичар Џими Ангел не ги прелетал во 1933 година, барајќи злато, па така овие водопади го добиле своето име.Највисоките работи во светотНајвисоката статуа во светот е Пролетниот храм на Буда во Хенан, Кина. Храмот и статуата на Буда која се наоѓа над храмот заедно се високи нешто повеќе од 153 метри. Завршена во 2002 година, оваа статуа била изградена како одговор на нападот на Талибанците во 2001 година.Највисоките работи во светотНајвисокиот мост во светот е вијадуктот Мијо во јужна Франција. Овој коловозен мост е повисок и од Ајфеловата кула во Париз. Единствена конкуренција на вијадуктот Мијо е автопатот „Durango-Mazatlan“ во Мексико, кој се очекува да биде завршен оваа година и да конкурира за највисок мост.Највисоките работи во светотНајвисокиот гејзир во светот е гејзирот во Националниот парк во Јелоустоун. Овој сè уште активен гејзир може да не еруптира со децении. Неговата последна ерупција беше во 2005 година, кога водата и пареата достигнаа височина од 122 метра.Највисоките работи во светотНајголемото панорамско тркало во светот е во Сингапур. Потребни се 32 минути за ова панорамско тркало да направи еден круг. Заради неговата големина, познато е уште и како „тркало за набљудување“. Панорамското тркало во Сингапур не се издвојува само по неговата големина, туку и по кабините кои се статични, за разлика од другите панорамски тркала чии кабини се нишаат.Највисоките работи во светотНајвисоката фонтана во светот е фонтаната на Кралот Фад во пристанишниот град Џеда, во Саудиска Арабија, која водата ја повлекува од Црвеното Море. Муслиманите со години доаѓале во овој град, а таквата посета била на исто ниво и со иста важност како и посетата на Мека.Највисоките работи во светотНајвисоката планина во светот е Монт Еверест. Во Тибет ја нарекуваат „Chomolungma“, што значи „мајка божица на универзумот“. Во Непал ја нарекуваат „Sagarmatha“, или божица на небото. За остатокот од светот беше позната како Врвот 15, сè додека Сер Џорџ Еверест, британски геодет, не ја измерил точната висина и планината го добила неговото име. Но, висината на Монт Еверест постојано се менува затоа што тектонските плочи постојано се поместуваат и така планината секоја година е повисока за 4 милиметри.Највисоките работи во светотНајвисоката бетонска брана во светот е браната „Grande Dixence“ во Швајцарија. Висока 285 метри, со помош на оваа брана се генерира доволно хидроелектрична енергија за осветлување на 400.000 домови. За да се помине целата брана, потребни се 2 часа возење низ јужните Алпи.Највисоките работи во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Stojce Reply

    Najvisoka statua e statuata na Djingis Kan blizu Ulan Bator!

Остави коментар