Највисокиот водопад во светот

Погледнат одoздола, на фотографиите подолу можете да го видите прекрасниот Ангелски Водопад. Тој се наоѓа во Националниот парк Канаима, Венцуела и е познат како највисокиот водопад во светот со висина од неверојатни 979 метри и пад на водата од 807 метри. Тој е заштитен од Унеско, и покрај главниот водопад вклучува и околу 400 метри серија мали стрмни водопади.

Според една статија од CNN, „Ангелскиот водопад е толку висок што дел од водата испарува уште пред да пристигне долу во базенот. За разлика од повеќето водопади, неговиот извор не е топењето на мраз или пак, река или езеро. Тој настанува од дождот кој доаѓа од тропските облаци.“

Највисокиот водопад во светот

И покрај тоа што овој водопад е една од најголемите туристички атракции во Венецуела, сепак многу е тешко да се стигне до него поради неговата локација во изолираната џунгла. Погледнете ја оваа колекција од фотографии кои ќе ве остават без зборови…

Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светотНајвисокиот водопад во светот Највисокиот водопад во светот

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар