Најубаво облечени жени за оваа година

Американското списание „Vanity Fair“ и оваа година ја објави својата позната листа на најдобро облечени луѓе во светот. Од нив ви ги издвојуваме најубаво облечените дами. Сосема очекувано на листата се наоѓа Кејт Мидлтон, но овој пат не е на самиот врв, туку на второто место. Сепак, војвотката веќе четири години се наоѓа на оваа престижна листа и тоа постојано во самиот врв.Најубаво облечени жени за оваа годинаМагазинот ја прогласи Кери Вашингтон, за најдобро облечена за оваа година. Нејзините комбинации ги фалат сите модни критичари, кои ѝ предвидуваат сјајна иднина, како во светот на актерите, така и во оној на модата.Најубаво облечени жени за оваа годинаЕдноставноста и строгиот пристап кон своите креации и го обезбедија на Викторија Бекам третото место на оваа листа. Потоа следи манекенката Жизел Бундшен, а петта е Бијонсе. На листата се наоѓаат и Брук Шилдс, Дита Вон Тиз, Шарлиз Терон, принцезата Летиција и многу други.Најубаво облечени жени за оваа година


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Omnia Reply

    Bash ic ne se ubavo obleceni.

Остави коментар