Најубавите топли извори во светот

Дел од овие топли извори се извонредно место за уживање и опуштање со лековити карактеристики, а други пак се опасни и до нив не треба да се приближуваме поради екстремно топлите температури. Како и да е, сите се благодет за сетилата, па дури и ако се набљудуваат од далечина. Ви ги претставуваме 8-те најубави топли извори.

1. Памуккале, Турција

Најубавите топли извори во светот

Овој природен топол извор не можел да добие посоодветно име. На турски Памуккале значи „замок од памук“. Овие каскадни тераси исполнети со тиркизна вода кои пловат во бесконечните  бели петна, се заштитени од УНЕСКО како природни светски чуда. Овие базени се формирани од варовнички термални извори каде наслојките од калциум прераснале во дупки кои ја собираат водата и во нив може да се бањате. Водата е многу лековита и се употребува за лечење на астма, ревматитис и други болести.

2. Џигокудани, Јапонија

Најубавите топли извори во светот

Непријателските шуми, стрмните карпи и меурчињата коишто излегуваат од вриењето на водата придонеле овој предел да се нарече „Долина на пеколот“. Џигокудани не е многу привлечен поради изворите, туку поради дивите Јапонските макаки кои се спуштаат во топлата долина во текот на зимските месеци. Тие знаат да се гушнат и заедно да уживаат во водите од топлиот извор. Прекрасна глетка. Оваа долина исто така има да понуди разни автентични храмови кои ќе може да ги посетите, да уживате во некоја локална масажа, да ја пробате Јапонската кујна и безброј други работи.

3. Хуанглонг, Кина

Најубавите топли извори во светот

Илјадници години геолошка еволуција го обликувале ова осамено место кое претставува чудо на природата. Не е изненадувачки што Хуанглонг претставува Светско наследство на УНЕСКО. Како што ќе навлезете во пределот, ќе ве пречекаат кристално бели врвови, густа шума и кластери со езерца со широк спектар на бои, од портокалово-жолта до зелена и светло сина боја. Прекрасни цветови, пеперутки, мали водопади како и голем број ендемични животни придонесуваат за убавината на оваа „Земја од бајките“.

4. Шампањски басен, Нов Зеланд

Најубавите топли извори во светот

Овој шампањски басен е геотермален рај на пределот Wai-O-Tapu кој се наоѓа во близина на Роторуа. Карактеристично за овој предел е тоа што изобилува со мали езерца кои имаат боја на шампањ, па оттаму им потекнува и името. Бојата се должи на меурчињата од јаглерод диоксид кои даваат интересни нијанси. Овие басени може да ги прошетате преку дрвени мостови и секако да уживате во прекрасната природа.

5. Травертин, Америка

Најубавите топли извори во светот

Ова е топол извор кој се наоѓа во близина на Бриџпорт по должина на источниот фронт на Сиера. За оние кои знаат за неговото постоење, Травертин е пријатна станица на пат накај дома од Јосемитите. За неговата локација нема никакви знаци и маркери заради што има и помалку посетители. Така е задржана природата дива и недопрена. Водата е умерено топла, па може да се избањате. Исто така опуштените вечери со полна месечина и топла вода која жуборка е неповторливо искуство.

6. Гранд Призматик, Јелоустоун

Најубавите топли извори во светот

Ништо не може да ја опише оваа атракција на Националниот парк Јелоустоун, како нејзиното име. Овој басен е 112 метри во дијаметар и 37 метри длабок. Изобилува со огромен спектар на бои што наликува на виножито. Секоја боја претставува варијација во температурата на водата. Басенот наликува на око, а го нарекуваат и прстен на огнот, вратата на пеколот и киклопско око. Ако планирате да го посетите овој топол извор се препорачува возење со хеликоптер за да може целосно да го видите и да го доживеете комплетно.

7. Сина лагуна, Исланд

Најубавите топли извори во светот

„Енергијата на животот преку силите на природата“- така е мотото на веб-сајтот за најпознатиот геотермален извор во Исланд кој се наоѓа на 50 километри од Рејкјавик. Овој извор располага со шест милиони литри млечно бела морска вода која искомбинирана со вулканските полиња не само што го одзема здивот, туку и го прави искуството надреално. Може да уживате во различни масажи или едноставно да одморате во прекрасната вода која има и лековити својства.

8. Мамут, Америка

Најубавите топли извори во светот

Добредојдовте во најголемата природна хемиска лабораторија во светот каде што топлината и водата се моделираат во еден комплексен систем на испакнати тераси кои постојано го менуваат обликот и бојата. Се наоѓа во северниот дел на Јелоустоун и претставува совршено место за излет. И горната и долната тераса даваат спектакуларен склоп на различни, бои па кога сте најгоре погледот е незаменлив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар