Најубавите села во Шпанија

Шпанија има специфичен дух кој најдобро е зачуван во селата каде што ретко доаѓаат туристи. Затоа, ако некогаш ја посетувате оваа прекрасна земја, обидете се да посетите и некое од овие села.

Куенка

Ова средновековно село е познато по куќите кои се надвиснуваат од стрмнината на која е сместено, така што Куенка изгледа како да лебди во воздухот. Се наоѓа во централниот дел на Шпанија.

Најубавите села во Шпанија

Елче

Елче е мало шармантно село во близина на Валенсија кое е преубав спој на средновековна архитектура и медитеранската егзотика.

Најубавите села во Шпанија

Баеза

Баеза била католички бастион кога Маврите се обидувале да го покорат Иберискиот Полуостров. Од тој период останала неверојатна архитектура која ова мало место го прави привлечно за секој посетител.

Најубавите села во Шпанија

Деја

Многу уметници денес одат во Деја барајќи инспирација за своите следни дела. Селото се наоѓа на островот Мајорка, на 27 километри оддалеченост од големите гужви на плажите. Овде на мир може да се ужива во панорамскиот поглед над Медитеранот.

Најубавите села во Шпанија

Кармона

Кармона се наоѓа во срцето на Андалузија. Таму ќе најдете архитектура оставена од секој освојувач кој некогаш згазнал овде, која останува да раскажува приказни од тие периоди. Иако е мало место, овде има многу ресторани кои служат традиционална андалузиска храна.

Најубавите села во Шпанија

Ронда

Ронда може да делува застрашувачки со својата местоположба на двата раба на еден кањон, но штом заскитате по нејзините улици ќе бидете маѓепсани од неа. Кањонот ја дели на два дела, но тие се поврзани со мостови кои нудат незаборавен поглед, а покрај тоа овде се наоѓаат и некои од најстарите арени за борби со бикови.

Најубавите села во Шпанија

Сантилјана дел Мар

Се чини дека средниот век никогаш не завршил за Сантилјана дел Мар. Посетата на ова мало село сместено на 3 километри од Атлантскиот Океан може да ве врати назад во времето.

Најубавите села во Шпанија

Михас

Иако Михас не се наоѓа на самиот брег на Медитеранот, туку на една падина која се спушта кон него, погледот кон морето сепак е фантастичен. Селата покрај шпанскиот брег најчесто се исполнети со модерни градби наменети за туристите, но ова село успеало да го задржи шпанскиот дух. Денес плени со своите тесни улички и средновековна архитектура.

Најубавите села во Шпанија

Зафра

Андалузиското село Зафра е дестинација за оние кои сакаат да го почувствуваат духот на Шпанија со сиот свој интензитет. Над него има прекрасен замок од 15-тиот век, кој е одлично сочуван.

Најубавите села во Шпанија

Кадакес

Кадакес е обично и многу едноставно рибарско село близу границата со Франција, но токму во тоа е неговата магија. Има и прекрасни песочни плажи, а водата е совршено чиста.

Најубавите села во Шпанија

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Biljana Reply

    Ste go zaboravile VALDEMOSSA, na Majorka

Остави коментар