Најточниот тест на личноста: Соберете ги поените и дознајте како ве гледаат другите

Најточниот тест на личноста: Соберете ги поените и дознајте како ве гледаат другите

Додека го решавате овој тест на личноста, запишувајте ги своите одговори на лист хартија за подоцна да можете да ги соберете поените. Добро размислете и најважно од сѐ, бидете искрени!

Најпрецизен тест на личноста: Соберете ги поените и дознајте како ве гледаат другите, а не ви го кажуваат тоа

Кога се чувствувате најдобро?

1. Наутро (2 поени)

2. Попладне и приквечер (4 поени)

3. Доцна навечер (6 поени)

Како одите?

1. Брзо, со големи чекори (6 поени)

2. Релативно брзо, со ситни чекори (4 поени)

3. Не многу брзо, со исправена глава, гледајќи пред себе (7 поени)

4. Не многу брзо, со наведната глава (2 поени)

5. Многу бавно (1 поен)

Во која позиција сте додека разговарате со некого?

1. Стоите со вкрстени раце (4 поени)

2. Имате склопени раце (2 поени)

3. Едната или двете раце ги држите на колковите (5 поени)

4. Ја допирате или туркате личноста со која разговарате (7 поени)

5. Си играте со своето уво, ја допирате брадата или ја виткате косата околу прстот (6 поени)

Како седите додека се одморате?

1. Свиткани колена, нозете опуштени една врз друга (4 поени)

2. Вкрстени нозе (6 поени)

3. Рамно испружени нозе (2 поени)

4. Седите врз едната нога (1 поен)

Како реагирате кога нешто навистина ви е забавно?

1. Гласно се смеете (6 поени)

2. Се смеете, но не гласно (4 поени)

3. Тивко се смешкате (3 поени)

4. Се смеете срамежливо (2 поени)

Како се однесувате додека сте со вашето друштво?

1. Гласни сте кога пристигнувате, така што секој ве забележува (6 поени)

2. Доаѓате незабележано и разгледувате наоколу за да пронајдете некоја позната личност (4 поени)

3. Внимавате да не бидете забележани (2 поени)

Како се однесувате кога некој ќе ве прекине додека сте задлабочени во нешто?

1. Среќни сте поради тоа што ве прекинале (6 поени)

2. Многу сте изнервирани поради тоа (2 поени)

3. Некаде помеѓу овие две крајности (4 поени)

Која е вашата омилена боја?

1. Црвена или портокалова (6 поени)

2. Црна (7 поени)

3. Жолта или светло сина (5 поени)

4. Зелена (4 поени)

5. Темно сина или виолетова (3 поени)

6. Бела (2 поени)

7. Кафеава или сива (1 поен)

Како лежите моментот пред да заспиете?

1. Испружени сте на грб (7 поени)

2. Испружени сте на стомак (6 поени)

3. Нежно сте свиткани настрана (4 поени)

4. Главата ви е потпрена на едната рака (2 поени)

5. Главата ви е под прекривката (1 поен)

Што најчесто сонувате?

1. Како паѓате (4 поени)

2. Како се тепате или се борите (2 поени)

3. Барате некој или нешто (3 поени)

4. Летате или висите во воздух (5 поени)

5. Претежно не сонувате (6 поени)

6. Соновите секогаш ви се пријатни (1 поен)

Најпрецизен тест на личноста: Соберете ги поените и дознајте како ве гледаат другите, а не ви го кажуваат тоа

Сега соберете ги поените и според резултатот пронајдете во која категорија спаѓате и дознајте како ве гледаат другите, а не ви го кажуваат тоа.

  • Повеќе од 60 поени

    Доминантна личност

    Другите ве гледаат како некој со кој треба „внимателно да постапуваат“, а ве доживуваат како малку арогантна, себична и исклучително доминантна личност. Некои ви се восхитуваат и сакаат да бидат како вас, но не ви веруваат секогаш и не се подготвени со вас да стапат во подлабок однос.

  • Помеѓу 51 и 60 поени

    Темпераментна личност

    Другите ве гледаат како возбудлива и импулсивна личност, како природен лидер кој брзо донесува одлуки, иако не се секогаш точни. Вам ве сметаат за храбра, авантуристички настроена личност која секогаш се обидува и која ужива во авантури. Луѓето обично уживаат во вашето друштво, затоа што зрачите со возбудливост.

  • Помеѓу 41 и 50 поени

    Практична личност

    Другите ве гледаат како директна, жива, шармантна, забавна, практична и интересна личност која секогаш е во центарот на вниманието, но со одредена рамнотежа, довонолно за да не ве „удри по глава“. Исто така вам ве сметаат за љубезна, внимателна и личност полна со разбирање која секогаш е спремна да ги развесели или да им помогне на другите.

  • Помеѓу 31 и 40 поени

    Верна личност

    Другите ве гледаат како разумна, внимателна, паметна, талентирана и скромна личност. Вие не сте некој кој премногу бргу се спријателува, но верни им сте на оние кои ви стануваат ваши пријатели, а за возврат го очекувате истото и од нив. Оние кои навистина ќе ве запознаат, сфаќаат дека потребно е многу за да ве навредат, но исто така не заборавате лесно ако се случи тоа.

  • Помеѓу 21 и 30 поени

    Внимателна личност

    Пријателите ве сметаат за совесна и педантна личност. Вам ве гледаат како некој кој е многу внимателен, екстремно грижлив и како личност која работи полека и упорно. Вие би ги изненадиле другите ако реагирате импулсивно, бидејќи од вас очекуваат прво да преиспитате сѐ, а потоа да се откажете. Тие сметаат дека причината за тоа е вашата внимателна природа.

  • Помалку од 21 поен

    Неодлучна личност

    Луѓето ве сметаат за срамежлива, нервозна и неодлучна личност, за која секогаш треба да се грижат и која секогаш сака некој друг да ги донесува одлуките наместо самата таа, а притоа не сака во ништо да се меша. За другите вие сте личност која само ги гледа проблемите кои не постојат, а некои луѓе ве сметаат и за досадни. Само оние кои добро ве познаваат знаат дека не сте такви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар